25 нешта кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња

25 нешта кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња

Сигурни сме дека денот кога го доведовте вашето куче дома, сѐ уште ви се чини како да беше вчера. И веројатно го имате документирано секој момент од неговиот живот. Од моментот кога било мало кученце, до денес кога израснало во големо куче кое конечно научило да мокри надвор. Добро, најчесто надвор. Прочитајте ги следниве 25 нешта кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња.

26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучиња

1. Нема подобар партнер за спиење од вашето куче.

2. Иако кучето зафаќа половина од вашиот кревет.

3. Будилник? Откако кучето влегло во вашиот дом, сигурно не спиете подоцна од 6 часот наутро.

4. Соседите од вашето соседство кои ги шетаат своите кучиња се вашиот утрински информативен сервис.

5. И добро е што ги имате околу вас бидејќи немате повеќе кеси за собирање измет.

26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучиња

6. Нема поголемо задоволство од моментот кога вашето куче ќе ја наведне главата на страна и со погледот ќе продре длабоко во вашата душа.

7. Добро, можеби го прави тоа затоа што во раката држите сланина.

8. Моментот кога ќе почувствувате дека вие сте господар на универзумот затоа што ја чувате храната.

9. И дека рутинските наредби кои ги научило вашето куче ви се најголемото достигнување во животот.

26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучиња

10. Факт е дека Инстаграм профилот на вашето куче има повеќе следбеници од вашиот личен профил.

11. И дека во вашиот телефон има повеќе фотографии од кучето отколку од вашето семејство.

12. И големи се шансите дека можеби секој ден размислувате да ја напуштите работата и да се посветите целосно на вашето куче.

26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучиња

13. Купувате облека за вашето куче.

14. Вашето куче освоило награда за најдобар костум на Ноќта на вештерките.

15. Вашето куче е најпопуларно во паркот во кој шетате секој викенд.

16. И тоа никогаш не е виновно кога ќе се случи некаква незгода во паркот.

17. Бидејќи практично е совршено, освен што изгледа смешно по последниот ваш обид да му направите фризура.

18. Кога сме на ова прашање: Никогаш повеќе нема да го пострижувате сами вашето куче!

19. Бидејќи, господе, колку влакна се собраа во кадата.

26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучиња

20. Не обрнувате внимание кога вашето куче обележува територија на дрвјата низ паркот.

21. Чистењето на пердувите од перниците ви станало навика.

22. И морате да ја заштитите вратата од шпајзот, најверојатно до крајот на својот живот.

26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучиња

23. Но, ништо не е тешко споредено со радоста на вашето куче кога ве поздравува кога се враќате дома.

24. Фразата „морам да одам дома и да го прошетам кучето“ е таен код за „само сакам да ја гледам мојата омилена серија без да ме вознемируваат“ – токму оваа изјава ве извлекла од многу незгодни ситуации.

26 нешта кои ќе разберат само сопствениците на кучиња

25. Но, најдобрата причина зошто го сакате вашето куче е фактот што тоа е секогаш расположено да се гушка со вас на каучот, дури и ако држите чинија со сланина во вашите раце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар