Мајка Тереза: 15 цитати кои ќе ни помогнат да станеме подобри луѓе

Мајка Тереза: 15 цитати кои ќе ни помогнат да станеме подобри луѓе

Мајка Тереза, заштитничката на сиромашните и немоќните, ја знаеме како скромна жена која целиот свој живот го посветила служејќи им на оние кои побарале помош. Нејзиното име засекогаш ќе остане синоним за несебичноста, добротата, пожртвуваноста, искреноста и хуманоста. Ние вечно ќе ја паметиме не само по нејзините дела, туку и по нејзините зборови кои можеби денес, во скорешните политички и општествени ситуации, ни се најпотребни. Во продолжение прочитајте ги 15-те најмоќни цитати и пораки за мирот на Мајка Тереза, жената која во секоја смисла ја заслужува титулата на светица.

Мајка Тереза: 15 цитати кои ќе ни помогнат да станеме подобри луѓе

„Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“

„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“

„Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“

„Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“

„Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“

„Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“

„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“

„Мирот започнува со насмевката.“

„Дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почетокот на љубовта.“

„Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека болката повеќе нема да постои, туку само љубовта.“

„Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.“

„Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Одете дома и сакајте го вашето семејство.“

„Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.“

„Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар и посреќен.“

„Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар