12 навики на најпродуктивните луѓе

12-те навики на најпродуктивните луѓе

Ги знаете оние супер продуктивни луѓе кои секогаш успеваат да направат повеќе од останатите? Некои луѓе едноставно ги завршуваат работите навреме. Додека повеќето го пијат второто кафе, тие веќе завршиле обврски за цела работна недела и подготвиле распоред за наредната. Како го прават тоа? Всушност, секој е способен за тоа, но мора да се прилагоди начинот на размислување за обврските и нештата кои секојдневно ги прави. Штом се промени начинот на размислување, се менува и однесувањето, а тоа ќе доведе до преземање акции. Откријте кои 12 секојдневни навики се својствени за продуктивните луѓе.

12 навики на најпродуктивните луѓе

1. Тие се фокусираат на најважното

Високо продуктивните луѓе имаат воспоставено јасни цели и визија за тоа што сакаат да постигнат на долгорочен план. Тие се фокусираат на она што е најважно и знаат дека 80% од она што го правите не е воопшто важно.

2. Тие ја знаат разликата помеѓу „важно“ и „итно“

Екстремно продуктивните луѓе знаат дека важно и итно се две различни нешта, односно многу нешта се итни, а тие вообичаено се утврдени од оние кои очекуваат брз одговор. Ако вниманието ви го одвлекуваат неважни итни задачи, ќе изгубите многу време борејќи се со неважни проблеми.

3. Тие го планираат својот ден

За да останете фокусирани и на вистинската патека, важно e да имате прецизен распоред на обврските во текот на денот и однапред поставени цели за тоа што сакате да го добиете како резултат од тие обврски.

4. Тие знаат каде и кога да го најдат тоа што им треба

Не мора да имате 30 апликации за распоред во вашиот компјутер или телефон, но мора да имате систем кој ќе ви овозможува да ги најдете информациите и документите што ви требаат во секое време.

5. Тие имаат воспоставени рутини

Кога најдосадните аспекти од животот ќе ви станат рутина, тогаш го ослободувате вашиот мозок и добивате време. На пример, размислете што да облечете наредното утро пред да си легнете да спиете. Можеби звучи досадно, но размислете колку време трошите наутро прашувајќи се што да облечете или што да појадувате. Вратете ги овие вредни ресурси, така што ќе ги направите рутина.

6. Тие го спасуваат изгубеното време

Десетте минути пред следниот состанок или двата часа поради одложување на летот можат да бидат одлични вести за вашата продуктивност. Кога имате листа на нешта кои треба да ги завршите, можете брзо да ја погледнете и да одберете акции кои може да се завршат во слободното време. Одговорете на пораките или направете неколку телефонски повици, додека чекате да дојде времето за следниот состанок или пак започнете да истражувате за вашиот следен проект додека го чекате вашиот авион.

7. Тие присуствуваат на состаноци со причина

Состаноците се нужно зло кои можат да ја поттикнат креативноста ако се искористат паметно. Но, лошо испланираните состаноци го трошат вашето време. Кога присуствувате на состанок бидете сигурни дека се задржани овие пет компоненти:

  • Бидете сигурни дека вистинските и потребни луѓе се присутни во просторијата.
  • Улогите треба да бидат јасно поделени.
  • Однапред договорете како ќе се одвива состанокот.
  • Поставете цели за состанокот.
  • Дефинирајте ги следните чекори и акции пред да заврши состанокот.

8. Тие ги прават нештата кои не сакаат да ги прават

Понекогаш ќе мора да замижете и да проголтате нешто што не ви се допаѓа. Избегнувањето на одложувањето на обврските е од суштинско значење за високите перформанси во работата.

9. Тие не се перфекционисти

Во сржта на одложувањето се наоѓа една од причините за него, а тоа е перфекционизмот. Откажете се од перфекционизмот. Најчесто не е реален и само ќе ви влева страв кога ќе треба да започнете со важни и предизвикувачки проекти.

10. Тие оставаат простор во својот распоред

Некогаш заглавувате во сообраќајниот метеж брзајќи на состанок. Некогаш состанокот трае предолго. Некогаш едноставно ви треба време да размислите. Високо продуктивните луѓе оставаат простор за сите овие неочекувани пречки. Доколку вашиот распоред е претесен, ја поткопувате вашата продуктивност, бидејќи ако едно нешто тргне во погрешна насока, ќе ви го наруши распоредот до крајот на денот.

11. Тие мудро знаат да извршуваат неколку задачи истовремено

Мултитаскингот е од суштинска важност за продуктивните луѓе, но мора мудро да изберете кои активности можете да ги правите истовремено. Не можете да пишувате проект додека возите, но можете да ги проверувавте вашите електронски пораки или да пишувате забелешки додека зборувате на телефон. Задачите треба да бидат комплементарни така што едната да биде многу поважна од другата, а втората да може да се извршува со помалку енергија и внимание.

12. Тие знаат кога да се откажат

Победниците се откажуваат постојано, но тие размислуваат и знаат кога да го направат тоа. Стратегиското откажување значи, откажување од нештата кои не треба или не сакате да ги правите бидејќи не се вредни за вашето време или поефективно може да ги заврши некој друг. Така добивате повеќе слободно време за нештата кои сметате дека се поважни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар