Претходно
Појадок од само пет состојки кој може да го подготви секој маж
Уживајте во прекрасниот вкус на протеинските палачинки
Потребни состојки:
- 250 грама сирење
- 250 грама овесна каша
- 5 големи јајца
- 2 кафени лажици цимет
- 1 лажица јаворов сируп
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте сè додека не се добие кремаста смеса. Во голема тава, на среден оган, ставете малку путер и додајте ја смесата од блендерот. Пржете ја смесата додека не пожолти и на површината не се појават специфични меурчиња, а потоа свртете ја од другата страна. Важно е таа да добие форма на голема палачинка.
Хранливи вредности:
- Калории: 229
- Вкупно масти: 9 грама
- Заситени масти: 3 грама
- Протеини: 17 грама
- Јаглехидрати: 20 грама
- Шеќер: 6 грама
- Влакна: 3 грама
- Холестерол: 238 милиграми
- Натриум: 276 милиграми