8 мисли кои им поминуваат низ главите на девојките кои го нашле господинот Совршен

8 мисли кои им поминуваат низ главите на девојките кои го нашле господинот Совршен

Покрај вас е мажот од вашите соништа и сигурни сте дека сте на вистинскиот пат во љубовта. Тој е едноставно совршен за вас, иако и самиот има добри и лоши страни, како и секој друг човек. Но, некако знаете дека ова е правилно, дека оваа врска има иднина. Со неколку зборови, станува збор за искуство кое е целосно различно од сите ваши претходни љубовни врски!

8 мисли кои им поминуваат низ главите на девојките кои го нашле господинот Совршен

1. Сите врски низ кои досега сте поминале ви делуваат како тривијални. Вие сфаќате дека никогаш претходно не сте се чувствувале на овој начин и дека сите оние врски кои сте мислеле дека се за вас, всушност биле сосема погрешни. Во оваа врска чувствувате сигурност, пријатност и ви делува како да е совршена за вас.

2. Конечно сфаќате што значи да се биде во врска со личност која се однесува кон вас на начинот на кој заслужувате. Вие никогаш претходно не сте го почувствувале тоа и не сте сфаќале за колку прекрасно чувство станува збор. Досега сте мислеле дека мажите кои навистина слушаат и целосно ве разбираат постојат само во бајките.

3. Се чувствувате посамоуверено од кога било претходно. Дури и кога знаете дека тој ден изгледате ужасно. Покрај него немате потреба да бидете совршени и се чувствувате убаво во секој момент. Тој дури и ви кажува колку сте прекрасни, а вие целосно му верувате.

4. Не ви е проблем да бидете природни и опуштени. И токму тоа нему му се допаѓа кај вас и го тера да се чувствува уште поповрзан од претходно. Покрај него едноставно немате потреба да глумите дека сте нешто друго.

5. Не се плашите од караниците со него. Иако ретко се карате, никогаш не стравувате дека некој ќе направи или каже нешто што ќе биде капката која ќе ја прелие чашата. Без разлика на недоразбирањето низ кое поминувате, вие знаете дека со тек на време ќе најдете решение.

6. Тој целосно ве прифаќа. Дури и покрај тоа што е свесен за вашите маани, исто како што ги познава и вашите врлини, тој ве сака какви што навистина сте.

7. Сакате да поминувате време со него. Дури и кога секој од вас ја врши својата работа и вашето заедничко време се сведува само на делење заедничка просторија. Во негово друштво сè ви е позабавно и полесно, без разлика за што станува збор.

8. Не ни помислувате да го изневерите, ниту пак помислувате на можноста да бидете изневерени. Тоа едноставно е невозможно бидејќи вие сте си доволни еден на друг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар