Зошто интелигентните луѓе потешко наоѓаат љубов?

Зошто интелигентните луѓе потешко наоѓаат љубов?

Изгледа колку е повисока интелигенцијата, толку е поголема оддалеченоста од емоциите. Луѓето кои се натпросечно интелигентни често имаат проблем при започнувањето љубовна врска бидејќи изгледа како сè останато во нивниот живот да им е поважно од неа. Но, тоа е далеку од вистината. Погледнете зошто интелигентните луѓе потешко наоѓаат љубов и што треба да направите за да разберете и задржите ваква личност покрај себе.

Зошто интелигентните луѓе потешко наоѓаат љубов?

1. Не ја сметаат романтичната врска како приоритет

Нивниот живот изобилува со различни можности кои тие лесно ги идентификуваат, па затоа и често имаат одлични идеи како да ги претворат своите цели во реалност. Токму затоа и овие луѓе имаат тенденција да одвојуваат што повеќе време за нивната работа, оставајќи си многу малку време за романтична врска и сè што таа носи со себе.

2. Поважен им е мозокот од убавината

Иако постојат исклучоци, сепак поголемиот дел од интелигентните луѓе повеќе „паѓаат“ на внатрешната убавина, отколку на надворешната. Тие едноставно трагаат по скриената убавина, како и длабочината во карактерот со цел да можат да имаат долги и значајни разговори со оваа личност. Интелигентните луѓе сакаат кога се во врска со маж или жена која ќе го држи нивниот мозок активен, па токму затоа и знаат да бидат многу пребирливи.

3. Ја сметаат својата интелигенција како награда

Нивната интелигенција им дава исполнување кое некои луѓе можат да го добијат само ако се во врска. За овие луѓе, нивните постигнувања се сè што им е важно и токму затоа без сопирање се движат во нивна насока. И покрај тоа што љубовта може да им биде бонус, тие понекогаш ја гледаат како препрека кон тоа што навистина им е важно во животот – нивниот успех.

4. Не се способни за површни врски

И токму ова е голем проблем кога станува збор за запознавањето. Тие веднаш почнуваат да „копаат“ со цел да ги утврдат интересите и залагањата на личност која седи карши нив и тоа најчесто се доживува како нападно од другата страна. За нив нема бавно чекорење, тие едноставно или се впуштаат веднаш или воопшто не се ни трудат.

5. Не ги избегнуваат проблемите

Тие се соочуваат со проблемите цврсто стоејќи на својот став дека се во право, а некои луѓе воопшто не го сакаат ова однесување. Тие се доволно интелигентни да откријат што е правилно, а што погрешно и секогаш ја говорат вистината, но за некои луѓе едноставно е потребно повеќе време да стигнат до тој степен на разбирање и тоа најчесто води кон кршење на односот.

6. Понекогаш тешко се разбираат

Нивниот ум е многу комплициран и начинот на кои размислуваат одвреме-навреме може да биде тежок за објаснување. Иако тие ви говорат, јасно и разбирливо, користејќи соодветни зборови, сепак понекогаш можете да имате чувство како да ви зборуваат на сосема друг јазик. Ова може да биде голема пречка во понатамошното развивање на врската.

7. Често ги пропуштаат суптилните знаци

Нивниот фокус е постојано насочен кон големите нешта. Токму затоа и лесно можат да ги пропуштат суптилните знаци за интересирање од страна на луѓето околу нив. Нивната цел не е некого да навредат или намерно да го игнорираат, туку едноставно не го разбираат говорот на телото и не ги забележуваат знаците кои свесно или несвесно им ги испраќате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар