Необични описи на љубовта кои ќе ви го стоплат срцето
Постојано слушаме дека љубовта е одговорот на сите прашања и лекот за сите маки и тегоби. Дека ја има насекаде и дека е повеќе од потребна за да преживееме како вид. Велат дека само љубовта е достоен противник на сите проблеми и дека само таа може да преживее сѐ, па во продолжение прочитајте ги овие 25 чудни реченици кои совршено ја опишуваат моќта на љубовта.
1. Љубовта е како сладолед. Има толку многу видови кои можете да ги изберете, но нема ништо позадоволително од вашиот омилен вкус.
2. Љубовта е како мамурлак. Болката од неа можете да ја жалите само ако претходно немате одлични искуства за споделување.
3. Љубовта е како танцувањето. За да научите како да играте треба да се ослободите од сите грижи за тоа колку смешно може да изгледате во процесот.
4. Љубовта е како велосипед. Ќе ви требаат помошни тркала сѐ до оној момент додека не сфатите дека ако верувате во себе можете да возите низ животот на само две тркала.
5. Љубовта е како молив. Многу е корисна, но само ако редовно ја острите.
6. Љубовта е како компјутер. Можете редовно да сметате на неа, знаејќи дека е можно да се случат неколку грешки кои ќе ве полудуваат додека не научите како да се ослободите од нив.
7. Љубовта е како хит песна. Ќе ви се врти низ главата, дури и во оние моменти кога ќе ви стане досадна, но кога неочекувано ќе почне на радио, вие ќе се насмеете и ќе си потпевнувате.
8. Љубовта е како стаклена вазна. Кога еднаш ќе се скрши, невозможно е повторно да се наредат парчињата заедно без да се повредите во процесот.
9. Љубовта е како празен дневник кој чека да биде пополнет со мисли, цитати, сеќавања, тајни и смешни цртежи. Но, сите вистинити.
10. Љубовта е како тег за вежбање. Најпрвин, ќе ви изгледа многу тежок, но со вежбањето на мускулите ќе станете посилна личност.
11. Љубовта е како култ. Никој друг не може да ја разбере освен оние кои ѝ се посветени.
12. Љубовта е како суши. Можеби ќе ви изгледа странско и непознато на почетокот, но откако еднаш ќе ја пробате ќе останете доживотен фан.
13. Љубовта е како вино. Колку што е постара, толку е и повкусна. Но, немојте да бидете изненадени ако најдете ситни делчиња од тапата или парчиња седименти кои пливаат во неа.
14. Љубовта е ајпод со само една песна на него. Потрудете се таа да биде добра.
15. Љубовта е миризлива свеќа без дно која прави воздухот да мириса на прекрасни ароми. Само треба да внимавате огнот да не се угасне од восокот кој се топи околу него.
16. Љубовта е како шолја кафе. Понекогаш е многу жешка, понекогаш е многу ладна, но многу ретко се сервира кога е млака.
17. Љубовта е како пот. Се произведува со причина, па помислете два пати пред да ја избришете.
18. Љубовта е како вртелешка. Најпрвин не сте доволно возрасни за да се возите, но кога ќе пораснете и конечно ќе видите за што станува збор, можеби нема да сакате да се качите уште еднаш.
19. Љубовта е како кислород. Потребна ви е за да преживеете, но не знаете добро да ја објасните.
20. Љубовта е како библиотека. Редови и редови книги чекаат да бидат прочитани, но многу ќе страдате ако не го прифатите фактот дека едноставно денот нема доволно часови за да ги прочитате сите.
21. Љубовта е како кромид. Ја има моќта да ве расплаче, но вие и понатаму продолжувате да ја сечете.
22. Љубовта е импресионистичка слика. Од далеку изгледа совршено, но со подетална инспекција се докажува дека нејзината убавина доаѓа од внимателната композиција на заматените форми.
23. Љубовта е како облакодер кој е силен и стабилен додека не е во опасност. Тогаш, сите негови ранливи и слаби точки, кои биле присутни уште од самиот почеток, стануваат видливи.
24. Љубовта е како лимон. Малку кисел, но сепак задоволителен.
25. Љубовта е бескрајна загатка која се обидувате да ја решите. Иако сте свесни дека всушност не постои решение.