Предности и недостатоци: Зошто луѓето родени на 29-ти февруари се толку посебни?
Дали некогаш сте се запрашале зошто секоја 4-та година добива 1 дополнителен ден? Дали 29-ти февруари има некое мистично значење и како влијае тој врз животот на луѓето? Како некој кој е роден овој ден го слави својот роденден?
Повеќето години имаат 365 дена, но бидејќи на Земјата ѝ се потребни точно 365 дена и 6 часа за да направи еден круг околу Сонцето, секоја четврта година добива уште еден – 29 февруари, па има 366 дена со цел календарски да се надополни за изгубеното време.
Феноменот 29-ти февруари го пратат голем број верувања, па токму затоа и многу луѓе поврзуваат различни чудни настани токму со овој ден. Постои една традиција во неколку култури дека токму на овој ден жените можат да ги запросат мажите, а наводно оваа практика ја започнала шкотската кралица Маргарет на својот 5-ти роденден. Доколку мажот ја одбие понудата за брак, морал да „плати“ со бакнеж, фустан или свилени ракавици.
Шансите некој да се роди на 29-ти февруари се 1 наспрема 1.461. Овие шанси се менуваат во зависност од различни фактори, како и поради фактот што сè повеќе бебиња се раѓаат во одредени делови од годината. Децата кои се родени на 29-ти февруари се нарекуваат „престапни деца“. Според статистиките, 1 на секој 5-милионити човек е роден токму на овој ден. Но, тие најчесто кажуваат дека нивниот роденден им носи повеќе маки одошто радости бидејќи често имаат проблем со администрација и папирологија.
Компаниите за осигурување, банките и другите поголеми организаци не го признаваат 29-ти февруари како законски валиден датум на раѓање, па токму затоа и овие луѓе мора да изберат помеѓу 28-ми и 1-ви со цел да биде нивниот официјален роденден. Многу сајтови и електронски сервиси воопшто не ја ни нудат можноста за 29-ти февруари да се избере како датум на раѓање.
Па, како овие луѓе го слават својот роденден? Тие најчесто одбираат 1 ден пред или после овој датум, додека секоја 4-та година си го слават токму на денот кога навистина биле родени. Во некои држави има и закон кој кажува како треба да се смета роденден на овие луѓе. Во Кина од 10 октомври 1929 година, со закон е регулирано секој кој е роден во престапниот ден да си го слави својот роденден на 28-ми февруари, додека пак, во Хонг Конг, законскиот роденден за овие луѓе е 1-ви март.