5 различни начини за секојдневно носење тексас шорцеви
Времето конечно пополека се загрева и да, низ прозорот можеме да видиме сонце. Конечно, убав сончев ден, а тоа значи само едно – време е да ги пронајдете вашите тексас шорцеви во гардероберот и да започнете да ги носите. Ви претставуваме 5 различни начини на кои можете да ги вклопите во секојдневниот стајлинг и притоа секогаш да изгледате модерно.
1. Лежерно и шик
Иако тексас шорцевите сами по себе изгледаат спортски, тие само така делуваат. Бидејќи како и секое друго дневно парче од тексас, во зависност од тоа со што го комбинирате, ќе добиете одреден ефект. Па така, и со ова парче можете да изгледате шик, но и лежерно. Своите омилени шорцеви облечете ги заедно со едноставна блуза, а целата комбинација збогатете ја со ефективен избор на облека, како што е чанта и накит. Преку блузата можете лежерно да префрлите сако или друга лелеава наметка.
2. Шарено и весело
Бидејќи пролетта се крие во боите и шарените дизајни, задолжително направете ваква комбинација. Со тексас шорцевите одлично оди кошула со пруги или цветови. Додадете и чевли со високи потпетици во некоја интересна боја за да го направите вашиот изглед весел, но и модерен. Ова е совршена комбинација за прошетка или за дружење со пријателите на убав, сончев ден.
3. Неочекувано и оригинално
Кога велиме „шорцеви“ обично во главата замислуваме сè, само не комбинација со сако, кравата и останати елегантни работи, зарем не? Па, доколку сакате да бидете оригинални и целосно да ги изненадите останатите околу вас со својот ефективен стајлинг, задолжително облечете шорцеви со бела кошула, сако и кравата. Сосема необичен, но многу добар спој. Доколку се одлучите за вечерно излегување, кошулата заменете ја со краток, предизвикувачки топ. Со чевли со висока потпетица и впечатлив црвен кармин, нема личност која нема да се сврти зад вас.
4. Елегантно и отмено
Ако со своите шорцеви облечете сако и кошула и додадете други елегантни детали како класични чевли со висока потпетица и чанта, вашата комбинација може да биде многу отмена и да одговара дури и за некои сериозни прилики. Секако, ако сакате на овој начин да одите на работа или некој работен состанок, задолжително водете сметка за должината на шорцевите.
5. Во боја
Ако сакате вашата дневна комбинација да биде креативна и поразлична, испробајте шорцеви во некоја друга боја. Белиот тексас е секогаш одличен избор, но освен него, интересни ќе бидат и шорцевите во жолта, зелена или розова боја. Впечатливите шорцеви комбинирајте ги со едноставни горни делови, за акцентот да биде само на него.