7 образовани дами објаснуваат зошто феминизмот е потребен во денешниот модерен свет
Феминизам – тема која никогаш нема да престане да биде актуелна и околу која секогаш ќе постојат полемики. Младите и образовани жени чија цел е да го освојат светот, сè што сакаат е да бидат почитувани и наградени за својот труд, исто како и мажите со истата животна мисија. Токму затоа и го побаравме мислењето на 7 образовани и амбициозни жени со цел да ни објаснат зошто според нив феминизмот е толку важен и зошто сите со заеднички сили треба заедно да се бориме за еднаквост помеѓу половите.
„Напредок има, но тоа не е доволно! Тоа што сме се избориле за некакви права, не значи и дека не треба да продолжиме да се бориме. Има уште многу нешта што можат да бидат направени. Не е на одмет и да се потсетиме дека во некои земји сè уште се практикува женската генитална мутација, како и киднапирањето. Во некои општества пак, силуваната жена се смета за виновна поради тоа што ѝ се случило. Сè додека во целост не се промени начинот на кој се гледа кон жените ширум целиот свет, нашата работа не е завршена.“ – Дијана (28)
„Феминизмот е неопходен бидејќи децата се воспитуваат по одредени обрасци. Предрасудите се насекаде околу нас, па некои деца уште не научиле ни да зборуваат, а веќе под надворешно влијание имаат погрешни ставови во својата глава. Најголемите промени започнуваат токму од најмалите.“ – Сара (30)
„Жените кои ја работат истата работа како и мажите, сè уште добиваат помала плата. Зошто е тоа толку распространето? Зарем не треба секој да биде платен според работата која завршува?“ – Маријана (24)
„Феминизмот е потребен бидејќи секое човечко суштество заслужува ист третман и иста шанса во животот, без разлика на полот.“ – Катарина (29)
„Сепак живееме во 21-от век. Би било бесмислено да не постои борба за правата на жените.“ – Ина (33)
„Феминизмот ни е потребен бидејќи сè уште се практикуваат двојни мерила. Жените на водечки позиции сè уште се нарекуваат вештерки, додека пак мажите на истото место – успешни шефови. Сè додека не се гледаат и мажите и жените на ист начин, феминизмот мора да постои.“ – Марија (23)
„Постојат луѓе кои на жените сè уште гледаат како на предмет. Токму против тоа треба да се бориме. Во сите општества, на сите фронтови.“ – Ивана (25)