8 фрази кои емоционално интелигентните жени никогаш не ги користат во разговорот
На сите ни се случило да кажеме одредени работи кои нашиот соговорник ги сфатил спротивно од тоа што сме го мислеле. Овие навидум безопасни коментари можат да влијаат на целокупната комуникација, но и на разбирањето на вашиот карактер од страна на другите личности. Токму поради тоа постојат одредени фрази кои емоционално интелигентните жени ги избегнуваат во текот на разговорот. Погледнете дел од нив.
1. „Изгледаш многу уморно“
Уморните луѓе не се привлечни. Тие имаат подочници и неуредна коса, а имаат проблеми и со концентрацијата и мрзливоста. Кога некому ќе му кажете дека изгледа уморно, тоа ги подразбира сите овие карактеристики и уште неколку други работи. Наместо тоа, прашајте ги дали е сѐ во ред. На тој начин личноста ќе сфати дека сте загрижени за неа.
2. „Колку си ослабел/а“
Добронамерниот коментар, во овој случај комплимент, дава впечаток дека сте критични. Да кажете некому дека изгубил многу килограми сугерира дека таа личност претходно изгледала дебело и непривлечно. Наместо тоа, кажете му/ѝ дека изгледа фантастично. Со тоа автоматски го бришете минатото од приказната.
3. „Ти си предобар/предобра за неа/него“
Кога доаѓа до завршувањето на личните, но и професионалните врски, овој коментар имплицира дека личноста имала лош вкус и со тоа направила и лош избор. Наместо тоа, кажете му/ѝ дека тоа не е нивна загуба. Со тоа ќе ја покажете вашата поддршка и оптимизам без да осудувате.
4. „Ти секогаш…“ или „Ти никогаш…“
Луѓето не се гледаат себеси како еднодимензионални суштества, па не треба ни да ги дефинираме како такви. Не постои личност која „секогаш“ прави или „никогаш“ не прави нешто. Овие фрази ги тераат луѓето да заземат одбранбен став и да се затворат. Наместо тоа, истакнете го она што другата личност го направила, а што за вас претставува проблем. Држете се до фактите.
5. „Изгледаш добро за годините“
Користењето на оваа изјава како квалификатор звучи непристојно. Никој не сака да биде „паметен за спортист“ или „витален во однос на врсниците“. Луѓето едноставно сакаат да бидат паметни и здрави. Наместо тоа, кажете им дека изгледаат одлично. На искрените комплименти не им се потребни квалификации.
6. „Како што кажав претходно“
Сите забораваме. Оваа фраза звучи како да сте се навредиле што мора да се повторувате, што е многу грубо спрема соговорникот. Наместо тоа, кога ќе се повторите, погледнете што можете да направите за да ја пренесете пораката на поинтересен и појасен начин. Така сите ќе го запаметат она што ќе го кажете.
7. „Јас барем никогаш не сум…“
Оваа фраза претставува агресивен начин да го префрлите вниманието од своите грешки, истакнувајќи стари и веројатно неважни грешки кои другата личност ги направила и кои досега сте требале да им ги простите. Наместо тоа кажете им дека ви е жал. Признавањето на грешките е еден од најдобрите начини да ја доведете дискусијата до едно рационално и мирно ниво.
8. „Како сакаш“
Иако можете да бидете рамнодушни кон прашањето, вашето мислење е важно за личноста која ви го поставила тоа прашање, бидејќи во спротивно немало ни да ве праша. Наместо тоа кажете им дека немате некое конкретно мислење, но истакнете дека сакате некои работи да се земат предвид пред да се донесе конечната одлука. Кога го изнесувате вашето мислење, тоа покажува дека ви е грижа за личноста која ви го поставила прашањето.