Дали кафето е здраво за нашиот организам и што се случува кога го пиеме на празен стомак? Луѓето секојдневно пијат кафе и го обожаваат неговиот вкус, но сè уште постои дилема за потребното дневна доза и за тоа што ќе предизвика ако го пиеме на празен стомак. Научниците честопати се обидуваат да го најдат точниот одговор на ова прашање.rnrn
rnrnСогласни се дека пиењето кафе има одредени придобивки за организмот, но постојат некои работи на кои мора да се обрне внимание. Кафето е важен антиоксидант и е докажано дека во некои ситуации спречува развој на малигни клетки, но не е баш паметна идеја доколку го пиете на празен стомак.rnrnЕдна шолја чисто црно кафе внесена на празен желудник поттикнува создавање желудочна киселина што посебно им штети на луѓето со гастритис. Ни оние кои имаат сосема здрав желудник не се поштедени од создавањето желудочна киселина бидејќи нејзиното зголемено излачување ќе предизвика непријатност во текот на јадењето и пречки во варењето на храната.rnrnПротеините кои не можат да се сварат создаваат надуеност, ждригавица, повраќање, иритација, воспаление, па дури и рак на дебелото црево. Поради тоа експертите препорачуваат да се внесе барем малку храна во желудникот пред да се напиете кафе наутро.rnrnДознајте и кои се грешките со коишто го поништувате позитивното дејство на кафето.
Што се случува кога ќе испиете кафе на празен стомак?
