Ултрапренослив лаптоп на превиткување

Сподели

Вообичаено е лаптопите да се превиткуваат на средина, помеѓу тастатурата и екранот. Лаптопот Feno го крши тоа правило, па додава уште една оска на превиткување, и тоа по средината на екранот.

Реклама

rn. rn

„На почеток, инспирација ми беше примената на леснина и елеганција во уредите за комуникација. Како можете да направите помал производ, но не и помалку практичен?“

rn

Feno е концепт на дизајнерот Нилс ван Хоф. Благодарение на новата технологија на флексибилни OLED екрани, лаптопот е компактен, а димензиите што ги добива кога е превиткан, го прават ултрапрактичен за во движење. Згора на сè, во самиот лаптоп е содржано глувче, кое „скокнува“ од страна по потреба на корисникот. Благодарение на отсуството на стандарден тач пад, површината на тастатурата целосно се користи за ергономично искуство при типкањето.

Популарно

Може ќе ве интересира