11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Сподели

Филмот е фасцинантна уметност која создава магични илузии за реалноста. Филмските режисери често сакаат и знаат да вклучат скриени пораки во своите филмови, кои укажуваат на незаборавни моменти и ликови од други филмови, книги или феномени. Погледнете ги најдобрите тајни индикатори и смешни пораки во популарните филмови. Ќе се изненадите колку скриени значења сте пропуштиле во некои од вашите омилени филмови, цртани филмови и ТВ серии.rn

Реклама

1. Крадците на изгубениот ковчег (Raiders of the Lost Ark)

rnR2-D2 и C-3PO, роботите од оригиналната трилогија „Војна на ѕвездите“, можат да бидат забележани помеѓу египетските хиероглифи на ѕидовите од античкиот храм.rn

2. Симпсонови (The Simpsons)

rnВо светот на Симпсонови, сите карактери имаат 4 прсти на секоја рака. Но, Господ и Исус Христос се единствените карактери со по пет прсти.rn

3. Боречки клуб (Fight Club)

rnЧашата за кафе од Старбакс се појавува во најголемиот дел од сцените во филмот.rn

4. Пеколен портокал (A Clockwork Orange)

rnСтенли Кјубрик го поставил бројот „2001“ на долната полица во продавницата за грамофонски плочи, како референца за неговиот филм „2001: Вселенска одисеја“.rn

5. Аладин (Aladdin)

rnАко внимателно го гледате филмот, ќе забележите дека тигарот на Јасмин, кој го носи името Раџа, за момент има уши како Мики Маус, во сцената кога се ослободува од клетвата на Џафар.rn

6. На лош пат (Breaking Bad)

rnНа почетокот на серијата Волт ги соблекува пантолоните и ја подготвува првата смеса за метамфетамин во пустината. Кон крајот на серијата, тој се враќа во пустината и неговите пантолони сѐ уште се таму. Тие можат да се видат во долниот лев агол од екранот.rn

7. Брзи и бесни 5 (Fast Five)

rnЦелосното име на Хан е Хан Сол-О (Han Seoul-Oh), и звучи многу слично како еден од главните карактери во франшизата „Војна на ѕвездите“.rn

8. Ѕвездени патеки (Star Trek)

rnРоботот од „Војна на ѕвездите“ исто така се појавува и во филмот „Ѕвездени патеки“.rn

9. Трон (Tron)

rnФилмот „Трон“ е во продукција на Студиото Волт Дизни. Веројатно тоа е причината што во него има сцена, кога во позадината може да ја забележите главата на Мики Маус.rn

10. Матрикс 2 (The Matrix Reloaded)

rnПовеќето регистарски таблички во овој филм укажуваат на стихови од Библијата, вклучувајќи ја и регистрацијата на автомобилот на Тринити и Морфиус, која гласи „DA203“, што одговара на стиховите Даниел 2:03: „Јас имам сон кој ме измачува и сакам да знам што значи.“rn

11. Футурама (Futurama)

rnВо телевизиското шоу „Футурама“ има сцена кога може да ја видиме главата од Ерик Картман, карактер од уште една популарна анимирана серија „Саут Парк“.

Популарно

Може ќе ве интересира