Апстиненцијата од алкохол го скратува животот

Сподели

Според едно долгогодишно истражување, луѓето кои секојдневно пијат алкохол, значително си ги намалуваат шансите да умрат помлади, за разлика од оние кои тотално го избегнуваат. rnИстражувањето се вршело на мажи на возраст од 55 до 65 години, во временски период од 20 години и било водено од психологот Чарлс Холохан од Тексашкиот универзитет во Остин. Тој открил дека стапката на смртност била поголема кај оние кои никогаш не пробале ни голтка алкохол, помала кај оние кои редовно пијат многу и најмала кај оние кои пијат умерено. Од 1.824 учесници во студијата, починале само 41% од умерените пијачи, за разлика од 69% од оние кои никогаш не пробале алкохол. Оние кои редовно пијат алкохол во големи количини се нашле во средината, со смртна стапка од 60%.rnМожното објаснување за овој резултат е тоа што, алкохолот претставува одличен конектор на социјалните случувања, а добрите социјални поврзувања се многу важни за одржување на менталното и физичкото здравје. Апстинентите покажувале знаци на депресија, за разлика од нивните „колеги“.rn

Реклама

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира