КАФЕ ПАУЗА

Маска од аспирин: Решение за проблемите на лицето

Освен што ја смирува болката и ја намалува телесната температура, аспиринот е корисен и за многу други работи, особено кога станува збор за негата и грижата на нашето лице. Кожата на лицето е нежна и чувствителна на секакви промени, а аспиринот не само што е одличен лек за црвенило и акни, туку и ја потхранува кожата, при што таа ќе остане заштитена од надворешните влијанија. Во продолжение прочитајте за што сѐ можете да го користите аспиринот кога се соочувате со секојдневните проблеми.rnrnМаска од аспирин – решение за проблемите на лицетоrn

1. Нега на проблематична кожа

rnАцетилсалицилната киселина од аспиринот помага при отстранување на вишокот маснотии од кожата и го уништува мртвото ткиво. Дерматолозите велат дека аспиринот е одличен лек и за акните, бидејќи ја намалува можноста за затворање на порите. Исто така, помага при црвенилото на кожата и особено е корисен за луѓето кои патат од псоријаза.rn

Маска за кожа од аспирин

rnСтавете 5 таблетки аспирин во една чаша и додајте топла, дестилирана вода. Добро измешајте додека не добиете хомогена смеса. По избор, можете да додадете и една кафена лажичка мед, бидејќи медот има лековити својства и позитивно влијае на кожата и организмот. Подготвената маска нанесете ја на проблематичните делови на кожата и оставете ја да делува 10 минути. Потоа, темелно измијте го лицето со топла вода.rnrnМаска од аспирин – решение за проблемите на лицетоrnrnОсвен како средство за нега на кожата, аспиринот ефективно и ефикасно ги решава и следните проблеми:rn

2. Го отстранува првутот

rnИситнете 2 до 3 таблетки аспирин и измешајте ги со количината шампон што ја користите за едно миење. Нанесете ја смесата на косата, масирајќи со прстите и оставете да делува од 3 до 5 минути. Аспиринот ќе го намали воспалението на скалпот, а со тоа и создавањето на првутот.rn

3. Ги ублажува реакциите после убодите од инсекти

rnАспиринот, поради неговите антивоспалителни својства, е одличен лек за намалување на отокот и болката после убодите од инсекти. Рецептот е едноставен: Навлажнете една таблетка аспирин, ставете ја на местото на убодот и залепете ја со фластер. Оставете да делува неколку минути и ќе почувствувате голема разлика.rn

4. Ги отстранува дамките од пот на облеката

rnИситнете 3 таблетки аспирин и смешајте ги со 50 милилитри топла вода. Делот од облеката кој има дамки потопете го во смесата и оставете да делува неколку минути. Потоа, исперете ја облеката на вообичаениот начин. Истата смеса ќе ги отстрани и дамките од никотин, трева и кал, но во тој случај облеката треба да ја оставите потопена во смесата 15 минути.rn

5. Го поттикнува растот на растенијата

rnАспиринот го спречува создавањето на габите, што е многу важно за растот на билките и растенијата во градината и домот. Натопете една таблетка аспирин во еден литар топла вода, ставете ја течноста во шише со спреј и попрскајте ги растенијата. Исто така, доколку ставите една таблетка аспирин во вазна со вода, ќе го продолжите животниот рок на цвеќето.