Откако ќе го предвидат економскиот колапс на пазарот, четворица финансиски менаџери го прават единствениот (не)логичен чекор: Се обложуваат против светската економија
rn
Режија: Адам МекКејrnrnУлоги: Кристијан Бел, Стив Карел, Рајан Гослинг, Бред ПитrnrnВреметраење: 130 минутиrnrnПремиера: 11 декември 2015rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: комедија, драма, биографијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОтстапувајќи од препознатливиот комичен жанр кој го прослави неговото име и му овозможи да ја почувствува холивудската слава, режисерот Адам МекКеј овој пат го покажува неговиот политички, посериозен и подефиниран експериментален стил, црпејќи инспирација од истоимениот, вистински роман на новинарот Мајкл Луис. Како и многу режисери и артисти пред него, така и МекКеј се соочува со проблемот кој можеби е невозможно да се реши: Како да ја раскажете приказната на еден тим од средовечни индивидуи со не толку изразито социопатско однесување, паралелно откривајќи ја апстрактната логика на капитализмот и да ја направите таа приказна визуелно привлечна и интересна? Режисерот, кој на светот му ја донесе паметната сатира – „Водителот“ (The Anchorman), со еден своевиден документарен пристап и комична синтакса успева да пронајде барем дел од ова решение и да прикаже една симбиоза на бизнис трилер и стенд-ап комедија за алчноста.rnrn
rnrnФантастичната четворка составена од искрениот и помалку неморален Мајкл Бури (Кристијан Бел), ранливиот верник во системот Марк Баум (Стив Карел), упорниот и одлучен Џаред Вернет (Рајан Гослинг) и генијалниот Бен Рикерт (Бред Пит) се протагонистите кои ја игнорираат конвенционалната мудрост и ризикуваат сѐ за да го остварат она во коешто веруваат. Природно, ние како публика која отсекогаш се идентификувала со бунтовниците кои се двојат од стадото, несвесно навиваме за нивниот успех, не разбирајќи дека вака всушност навиваме за сопственото финансиско пропаѓање. Токму овој парадокс е она што ја дефинира брилијатноста на филмот кој ни служи како прозорец кон пеколната капиталистичка машина на 21-от век.rnrn
rnrnСценариото во адаптација и преработка на Чарлс Рандолф е дрско, саркастично и исполнето со цинизам, кое и покрај исцрпувачкото и каскадно бомбардирање со информации, со својот амбициозен и иновативен формат успева да ја долови сржта и драматичноста на оригиналната материја. Музиката, иако на моменти збунува, соодветствува со сите важни и помалку важни моменти и позадини. Кинематографијата не се истакнува толку многу како што се истакнува во преостанатите номинирани филмови за Оскар, но ова е сосема оправдано ако се земе предвид фактот дека станува збор за филм кој ја анализира „темната и досадна“ страна на Вол Стрит.rnrn
rnrnЗаклучно, „Обложување на столетието“ е еден смешен, провокативен портрет на неодговорноста, измамата и ексцесот коj по основна дефиниција може да се смета за комедија. Но, комедија која во ниеден момент не заборава да нè потсети дека овој пат шегата е на наша сметка.
