9 знаци дека сте станале интроверт после долги години живеење како екстроверт
Која е главната разлика помеѓу интровертите и екстровертите? Контактите со другите луѓе. Додека екстровертите уживаат кога се опкружени со луѓе и се полнат со енергија за време на социјалните настани, интровертите обожаваат да поминуваат време со себе и своите мисли. Па, доколку имате историја како екстроверт, но одеднаш сте почнале да се чувствувате изморено од ваквиот начин на живеење, можеби вашите приоритети малку се промениле. Погледнете ги знаците кои укажуваат дека сте се трансформирале од гласен екстроверт во тивок интроверт…
1. Конечно разбирате зошто е толку убаво да бидете сами
Наместо викенди исполнети со многу танцување и пиење алкохол, вие сега едвај чекате да поминете време сами со себе и убаво да се одморите од напорната недела. Едноставно веќе немате потреба да излезете и да бидете опкружени со многу луѓе. Попрво би сакале да читате книга, да готвите, да гледате телевизија или едноставно да си слушате музика.
2. Имате помала толеранција за безначајните разговори од претходно
Не дека вие мразите да зборувате со луѓето, особено со оние кои не ви се толку блиски, туку едноставно тоа не ви изгледа како нешто што би ве исполнило. Вие сега сакате длабоки разговори, со кои ќе допрете далеку под површината, разговори за животот и љубовта, за сите оние нешта кои ја тргаат маската од вашиот соговорник.
3. Сè подолго време ви треба да одговорите на порака, но и намерно пропуштате многу повици
Кога ќе се навратите на вашите денови како екстроверт, сфаќате дека сте успевале да најдете време за сите кои ви пишале, ви се јавиле или ве поканиле на средба. Но, сега детално ги анализирате повиците и наоѓате време само за оние кои навистина ви значат. Вие станувате сè построги, бидејќи знаете дека на тој начин си заштедувате значајно време.
4. Несериозните врски одеднаш почнуваат да ви изгледаат како непосакувана обврска
Вие тежнеете кон поголема длабочина и значење на животот, па затоа и почнувате сè повеќе да размислувате за иднината. Тоа е и причината зошто ви е потребна личност која ќе го има истото размислување како и вас. Вие сакате да ги споделите вашите мисли за семејство, брак, деца, па дури и развод. Едноставно сакате да изградите вистинска поврзаност, доста ви е од игри.
5. Сфаќате дека сте најдобрата верзија од себе кога сте сами
Без разлика дали работите или пак, само се обидувате да најдете решение на одреден проблем, вашите најдобри мисли и идеи се оформуваат кога сте сами. Вие сте многу поинспирирани и помотивирани да размислувате до крај кога нема кој да ви го одвлекува вниманието, па токму затоа и сега сте многу поефикасни од порано.
6. Вашите слушалки за уши се претвораат во вашиот штит
Без разлика дали одите до супермаркет, се возите во автобус или трчате, вашите слушалки постојано се на вашите уши, дури и кога не слушате музика. Вие одеднаш сте се трансформирале од личност која активно бара разговор со луѓе, во личност која сака да биде насамо со своите мисли и избегнува контакти колку што може повеќе. Слушалките без сомнение ви помагаат во тоа.
7. Семејните собири и работните настани ве исцрпуваат повеќе од кога било претходно
Тие сега ви делуваат како нешто непотребно, наместо како време во кое уживате, па токму затоа и почнувате да се исклучувате откако ќе мора да разговарате со повеќе луѓе. Веќе ви е смачено постојано да одговарате на истите прашања, на кои одговорите ни најмалку не се смениле, особено на љубовно поле или за кариерата.
8. Конфликтите одамна престанале да ве возбудуваат
Си заминале деновите кога вие бевте први при почнување расправија или правење сцена. Наместо драма, сега преферирате да се наоѓате во хармонична атмосфера, каде што можете да бидете опуштени. Токму затоа и сега почесто се повлекувате за време на конфликтите – нешто што вашата екстровертна страна никогаш не би го одобрила.
9. Конечно сте свесни кои сте и што сакате во вашиот живот
Сè се врти околу познавањето на личноста која навистина сте, како и на оние нешта кои ги сакате. Кога знаете кои сте и кои се вашите цели во животот, вие станувате индиферентни на сите социјални притисоци. Вие почнувате да уживате во вашите мисли, бидејќи тие ве отсликуваат. Конечно сте откриле мир во вашето срце и самотијата одеднаш престанала да ве плаши.