КАФЕ ПАУЗА

15 различни начини на кои интелигентните луѓе ѝ пристапуваат на љубовта

Велат дека љубовта е нешто кое не може да се контролира. Но, некои истражувања ни откриваат дека сепак поинтелигентните луѓе имаат различен и многу поразумен пристап кон љубовта и партнерите. И во никој случај тоа не е вештачки или детерминиран пристап кон чувствата, туку едноставно тие знаат што сакаат од себе, од партнерот како и од животот.rnrn15 различни начини на кои интелигентните луѓе ѝ пристапуваат на љубовтаrn

1. Тие не се надеваат на судбината

rnТие немаат пасивна улога во барањето на животниот партнер, туку на тоа гледаат како на нешто во кое треба активно да се вклучат.rn

2. Тие се фокусираат на компатибилноста

rnНивниот критериум за здрава и среќна врска повеќе се заснова на принципите на пријателствто, отколку на холивудската романса.rn

3. Тие не размислуваат со своите чувства

rnТие се свесни дека нивните чувства не се научни факти, па со нив само чувствуваат. Од друга страна, својата глава ја користат за размислување.rn

4. Тие знаат дека ако само чувствувате нешто, тоа не значи и дека е вистина

rnМожете да чувствувате дека ви е судено да бидете со некого, но тоа не значи дека на крај навистина ќе останете заедно.rn

5. Тие не бараат знаци дека „е судено“ да бидат со некого

rnНапротив, тие можат да препознаат дека ова е големото, црвено знаме кое кажува дека не треба да се со некого. Кога имаме потреба од егзистенцијален доказ дека врската е валидна, тогаш вообичаено нешто не е во ред.rn

6. Тие работат напорно за да се спознаат себеси доволно добро пред да одберат партнер

rnТие го ставаат сопствениот развој како личности пред што било друго, затоа што разбираат дека најпрво мора да знаат што сакаат пред да тргнат во потрага по истото. rn

7. Тие активно и свесно работат нивната врска да не биде како што налагаат правилата

rnТие знаат дека идејата за тоа како „треба“ да изгледа љубовта растурила и нарушила повеќе врски од што било друго. rn

8. Тие не се претенциозни

rnТие не претпоставуваат дека некој е заинтересиран за нив сè додека експлицитно не го слушнат тоа. Тие не претпоставуваат дека нивниот партнер ќе знае што сакаат сè додека не воспостават здрава комуникација.rn

9. Тие ја задржуваат својата самостојност: финансиска, лична и емоционална

rnТие не се фанови на идејата дека некој друг треба да се грижи за нив. Убаво е ако партнерите го прават тоа, но не сметаат дека мора да биде така.rn

10. Тие не се менуваат кога ќе се заљубат, туку ја интегрираат љубовта во нивните животи

rnУбаво е да се спомене дека тие пред сѐ се свои личности. Романтичната љубов е прекрасен дел од животот, но не е единственото убаво нешто.rn

11. Тие го следат правилото 80/20 кога се работи за романсата

rnВо нивната врска тие се однесуваат како најдобри пријатели и вистински партнери 80% од времето, а 20% од времето се романтични и секси. Љубовните врски во кои овие проценти се превртени обратно вообичаено се оние со најмногу превирања.rn

12. Тие имаат временска рамка од една година за да видат дали врската ќе функционира долгорочно

rnАко после една година заедно, вашиот потенцијален партнер не сака да се обврзи на брак во иднина, тогаш најдобро е да излезете од таа врска.rn

13. Тие прават разлика помеѓу чувства и акција

rnЉубовта е избор, но не можете едноставно да изберете да ја чувствувате, туку може само да преземете дела кои ќе го поттикнат нејзиното создавањето.rn

14. Тие не веруваат дека има нивен „тип луѓе“

rnНе секогаш љубовта доаѓа во облик кој го очекуваме, а ако не сме внимателни, таа може и да нѐ одмине.rn

15. Тие не очекуваат врската да трае вечно, туку го ценат секој момент поминат заедно

rnЗатоа што тие не го земаат присуството на луѓето во нивните животи „здраво за готово“, туку секој ден поминат со саканите им е задоволство и привилегија.