4 точки на телото кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

4 точки на телото кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

Акупресурата претставува комплексна медицинска древна техника. Таа, заедно со акупунктурата, веќе илјадници години им помага на луѓето да се ослободат од здравствените проблеми. Накратко кажано, логиката е во тоа што секој внатрешен орган е директно поврзан со одредени точки на телото преку енергетски канали.

4 точки на телото кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

Па, ако сакате да ја подобрите работата на некои од внатрешните органи, потребно е само да ја најдете соодветната точка и да ја масирате. Во овој текст ќе зборуваме за точките чија стимулација ќе ви помогне да ослабете. Ако се придржувате до оваа рутина, ќе ја забрзате работата на вашиот метаболизам и како резултат на тоа ќе станете многу поенергични во текот на денот, а вишокот од маснотии полека ќе почне да се елиминира. Ќе имате контрола врз вашиот апетит и ќе создадете целосно нов поглед кон светот.

1. Точка на увото

4 точки на телото кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

Масирањето на оваа точка ја забрзува работата на метаболизмот, што допринесува за губење тежина во сите делови од телото. Масирајте ја со палецот, 3 пати во денот по 3 минути, со константен притисок на увото. По масажата ќе забележите дека вашето тело има повеќе енергија. Исто така оваа масажа ги отстранува непријатните симптоми на замор во рацете, нозете, рамената и стапалата.

2. Точка на лицето

4 точки на телото кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

Оваа точка се наоѓа точно помеѓу носот и горната усна. Потребно е да ја масирате два пати дневно, по 5 минути. Оваа масажа помага при контролата на чувството за глад и нервоза. Оваа вежба е одлична доколку имате навика да се прејадувате во состојба на стрес.

3. Точка на раката

4 точки на телото кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

Ова е клучната точка на телото низ која поминуваат сите меридијани од вашата внатрешна енергија. Стимулирајќи ја оваа точка го ослободувате телото од вишокот топлина и допринесувате кон подобрување на работата на цревата. Масирајте ја оваа точка 1 минута, 2 или 3 пати во текот на денот.

4. Точка на ногата

4 точки на телото кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

Оваа точка е најкористена во акупунктурата. Таа се нарекува Зу Сан Ли. Стимулацијата на оваа точка не само што го подобрува варењето, туку помага и во регулирање на проблематичните процеси низ целото тело. Затоа се нарекува и точка на долговечноста или точка против сто болести. Таа се наоѓа под коленото.

За да ја пронајдете, покријте го десното колено со десната рака или левото колено со левата рака. Точката се наоѓа на завршетокот од малиот прст, во вид на вдлабнатина помеѓу коските. Секојдневната масажа на оваа точка во ноќните часови е погодна за слабеење и се вели дека се губат и до 500 грама во денот.

Масирајте ја 9 пати со кружни движења во насока на стрелките на часовникот на двете нозе наизменично. Правете го тоа 10 минути, односно по 5 минути на секоја нога. Но немој да се масирате пред легнување бидејќи може да предизвикате несоница. Кога притискате на оваа точка треба да почувствувате мала непријатност, па дури и болка, инаку нема да го постигнете саканиот ефект.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар