Иако, благодарение на Дизни, сме навикнати на добрите и стари бајки со кои пораснавме, неверојатно талентираната Улдус од Русија нè носи на ново патување низ светот на фантазиите преку нејзината фотосесија Руска Земја. Рушејќи ги стереотипите на модерна Русија, Улдус ни претставува сосема нови приказни за демони, хероини, девици и џуџиња. Низ овие прекрасни и уникатни фотографии имаме шанса да ѕирнеме во магичниот свет на руските бајки и народни приказни, секоја откривајќи ни ја својата тајна.rn
Триглавата божица
rn
rnЖенските хероини од руските бајки се викаат „царевна“ и тие се под заштита на месечината – космичко тело кое владее со женственоста. Оваа божица ги претставува трите основни елементи на Земјата: земја, вода и воздух, и како таква е задолжена да ги штити планините, долините и шумите.rn
Огнена птица
rn
rnВо оваа руска верзија од легендата за фениксот, таа е огромна птица со неверојатна убавина, целосно опколена со оган. И покрај нејзината убавина, оваа птица многу лесно може да се улови и да се научи да краде златни јаболка од Царевите градини.rn
Чиста девица
rn
rnВо словенската култура постојат 5 фази кон станувањето жена. Првата е Чистата девица, позната и како Црвена убавина, која е често претставувана од млада девојка која се подготвува за свадба. Црвената боја ја претставува скромноста на момичешките години и младоста.rn
Мистериозна руска душа
rn
rnОваа слика ги претставува многуте стереотипи кои Русите ги имаат за себе: Бањање во масло, јадење месо, злато, камења, како и културните гледишта кои нè прават тоа што се – комплексна мешавина на култури, религии и етничка припадност.rn
Маша и мечката
rn
rnЕдно мало девојче кое се изгубило во шумата налетало на „изба“, дрвена куќа која е дом на семејство од мечки. Мечките ја напаѓаат Маша, но нејзиното брзо размислување ја спасува од смрт. Тука, хероината седи и пуши како знак на победа врз мечките, додека нејзината ироничност ни кажува дека „во Русија е сè во ред“.

