Од бринета до русокоса: Тест кој ви открива дали сте спремни за голема промена

Од бринета до русокоса: Тест кој ви открива дали сте спремни за голема промена

Размислувате да преминете од бринета во русокоса? Тогаш ве очекуваат многу комплицирани и скапи фризерски третмани, пред коишто би требало да одговорите на следниве 4 прашања и да утврдите дали сте спремни за оваа драстична промена.

1. Дали русата боја одговара на вашата боја на кожа?

Пепеласто руса коса добро ќе им стои на жените со ладни бои на кожа, додека златната нијанса ќе им прилега повеќе на жените со топли нијанси. Важно е да знаете дека русата боја на коса ретко им прилега на жените со жолта боја на кожа. Но, ако како дете сте имале руси прамени на косата, тогаш дефинитивно сте спремни за промена.

2. Дали сте спремни да трошите пари за фарбање?

Успешната трансформација од бринета во русокоса не доаѓа преку ноќ. За да се постигне ова често се потребни неколку третмани за да ја добиете посакуваната нијанса. Секако, тоа не е евтино и ако знаете дека моментално не сте во добра финансиска ситуација, тогаш подобро е да почекате со фарбањето.

3. Дали вашата коса е во добра состојба?

Без здрава коса нема успешно фарбање, па ако сакате да се впуштите во ваква голема промена, важно е да проверите во каква состојба е вашата коса.

4. Можете ли да се откажете од пеглата и фигарото?

Преминувањето од бринета во русокоса дефинитивно ќе ја оштети вашата коса до одредена мера, па токму поради тоа после фарбањето морате да избегнувате користење на пегла и фигаро со цел да ја заштитите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар