10 причини зошто зимата е фантастична за мрзливите луѓе

10 причини зошто зимата е фантастична за мрзливите луѓе

Секако, зимата може да биде ладна, но барем имате можност да прескокнете многу „обврски“. Има многу придобивки кои можат да се сметаат за предност од страна на мрзливите луѓе во текот на ладните зимски месеци. Придобивки кои може да се уживаат без чувство на вина само во текот на ова време од годината.

10 причини зошто зимата е фантастична за мрзливите луѓе

Еве неколку од најдобрите причини зошто е зимата позитивна за мрзливците. Мрзливци од целиот свет, радувајте се.

1. Не мора да барате изговори ако не ви се излегува

Никој нема да ве обвини ако не сакате да излезете, бидејќи надвор е ладно и страшно. Исто така вашиот телевизор не е надвор.

2. Капите се ваши пријатели кога имате лоша фризура

Фантастичното нешто кај капите е тоа што ја покриваат вашата коса, поточно бушавиот куп влакна кој никако не сака да се намести по ваша волја. Не нервирајте се! Само ставете плетена капа и подготвени сте за излегување. Сè додека немате ништо против да изгледате како надежен графички дизајнер, ќе бидете во ред.

3. Ноември без бричење, што трае 4 месеци

Во текот на ладните месеци, сосема е прифатливо мажите да носат брада, а жените… да не ги бричат нозете. Влакната се прифатливи, или подобро кажано добредојдени. Што значи дека времето кое ќе го трошевте за бричење, може да го искористите на попродуктивен начин (на пример, за спиење).

4. Може да одморите од секојдневните тренинзи

Ах, слоеви и слоеви облека. Одличен начин да камуфлирате скоро сѐ. Благослов.

5. Сезоната на награди значи скромни собири со пријателите

Периодот на сумирање на изминатата година, носи многу настани како Оскарите кои се случуваат во зимскиот период, што значи дека има многу можности за дружење со пријателите по дома, па така лесно можете да ги избегнете излегувањата и интеракциите со различни луѓе.

6. Изборот на облека се стеснува

Секогаш е досадно кога треба да се одлучи што да се облече, па помага кога изборот се сведува на само неколку џемпери.

7. Зимското сметање на времето е сојузник на секој мрзлив човек

„Упс, 16 и 30, а веќе е темно! Веројатно е време да си легнеме!“ Така ги оправдувате попладневните шест часа поминати на каучот. Кој може да се спротивстави на оваа логика?

8. Снежни денови

Бурното и ладно време може да ве извади од многу ситуации. Доцнење, слободен ден, останување дома во сабота – сѐ што треба да направите е да ги нагласите смрзнатите патишта и патеки и толку… Освен ако не живеете на топло место каде што овие изговори навистина немаат смисла.

9. Седењето пред камин е рај за мрзливите

Ако само седите некаде, а таму нема камин, тогаш не правите ништо. Но, ако седите покрај камин, одеднаш чувството е различно и „потопло“. Тоа е одлична активност за мрзливците. Оваа активност дури може да ја извршувате додека читате книга, секако ако сте доволно амбициозни.

10. Сите го делат истото мислење

Зима е. Никој од нас нема да се обидува повеќе од потребното сѐ додека не дојде пролетта. Па, доста се обидувате да изгледате слатко, едноставно хибернирајте додека трае зимата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар