Секој маж со стил кој се почитува себеси и својот моден вкус веднаш ќе ги заборави овие парчиња облека и ќе ги замени со многу поелегантни варијанти.rnrn
rn
1. Капа со пуфка
rnОваа капа единствено е прифатлива кога сте на скијање и кога немате ниедна друга можност. Но, реално секој маж кој има доволно висока самодоверба веднаш после читањето на овој текст ќе ја фрли оваа капа. Овие капи се резервирани за децата и хипстерите, а вие заменете ја со едноставна, еднобојна капа, каква што треба да има секој маж.rn
2. Блескави јакни со пердуви
rnМожеби мислите дека јакната со пердуви ќе ве топли повеќе, но ако купите некоја со блескав дизајн бидете сигурни дека го уништувате вашиот изглед. Наместо вакви јакни одлучете се за слоевито облекување во зима. Кошулата, џемперите, кожната јакна и во зависност од температурата, капутот, ќе направат секогаш да изгледате модерно и фантастично.rn
3. Мрежест шал
rnШалот во облик на мрежа за коса треба веднаш да го исфрлите од вашиот гардеробер. Од него како да зрачи невкусен и евтин став кон модата. Заменете го со шал со поедноставен дизајн.rn
4. Волнени чизми
rnМожеби сега се во мода чизмите од волна, но со нив ќе изгледате како да носите домашни топлинки, што секако не сакате. Одлучете се за поелегантни чизми, кои се постилизирани и поудобни.rn
5. Џемпери со божиќни мотиви
rnЈа разбираме новогодишната еуфорија, но едноставно заборавете на ирвасите и Дедо Мраз на вашите џемпери. Доколку сакате да носите џемпери, одлучете се за оние со едноставни дезени, како неколку хоризонтални линии кои создаваат различни геометриски мотиви.rn
6. Светли ветровки
rnВетровките се многу функционални, но сѐ што носите на вас станува дел од во вашиот стил на облекување, па токму затоа и треба да заборавите на светлите, шарени ветровки ако сакате да бидете маж кој е во чекор со трендот. Бидејќи едноставноста е најдобра, купете класична еднобојна јакна или спортска јакна од материјал што не пропушта ветер.rn
7. Јакни без ракави со качулка
rnВаквите јакни, особено тие во впечатливи бои, треба веднаш да ги исфрлите од гардероберот бидејќи не се функционални поради кратките ракави, а истовремено претставуваат голема модна грешка. Мантилот, тексас јакната или едноставната јакна со џебови се само некои од опциите со кои можете да го замените овој застарен модел.