6 нешта на кои мажите мислат кога ги нарекуваат жените „луди“

6 нешта на кои мажите мислат кога ги нарекуваат жените „луди“

Таа е емоционална. Таа претерува. Таа е премногу чувствителна. Мажите имаат цел арсенал од зборови со кои опишуваат како ги гледаат своите девојки или сопруги. Чудно, но овие зборови примарно се наменети за жените, а ретко за мажите. Имајќи го тоа на ум, постои и еден збор кој сега се употребува повеќе од кој било друг кога тие ги опишуваат своите љубени: Луда!

6 нешта кои навистина ги мислат мажите кога ја нерекуваат жената луда

Велиме, „Ох да, ми се допаѓаше, но таа беше премногу луда“. Со тоа сакаме да кажеме дека нешто кај неа не ни се допаѓало. Понекогаш овој збор го користиме и во позитивна конотација: „Пријателе, сигурно ќе ти се допадне. Таа е луда – баш таква каква што сакаш“. После оваа изјава, ретко кога мажите ги прашуваат своите пријатели за понатамошни објаснувања. Не прашуваме на кој начин е луда, едноставно постои универзален код на разбирање. Како мажите во секое време да знаат во кој контекст е употребен епитетот „луда“.

Погледнете ги следниве 6 значења на зборот „луда“ и што мажите сакаат да кажат со него:

1. Таа има цврст став и не се плаши гласно да зборува

Се чини дека зборот кој го барате овде не е луда, туку самоуверена. Можеби мислевте сигурна и независна? Можеби дури мислевте и тврдоглава, ако не сака да го промени своето мислење и покрај соочувањето со доказите. Но, луда? Не би рекле.

2. Ништо не ја задоволува

Без разлика што и да се случи, таа не е задоволна. Правите сѐ што таа бара од вас. Се обидувате да сте чувствителен маж и секогаш ја ставате пред вашите потреби. Сепак, таа со ништо не е задоволна. Тоа не е добро, дури звучи и неподносливо. Веројатно не треба да сте со таква жена, но таа дефинитивно не е луда.

3. Таа е сексуално промискуитетна

Пристигна 2016-тата година. Дали сѐ уште постои тој двоен стандард од средниот век? Како на мажите им е дозволено да спијат со многу жени и тоа да е во ред, но жената не смее да спие со повеќе мажи? Ја забележуваат хипокризијата? А од друга страна, жените кои имаат почесто секс, се подобри во сексот. Логично, нели?

4. Таа манипулира и лаже

Во ред, ова е повеќе вина на жената отколку на мажот. Но, наместо да ја нарекувате луда, зошто всушност не ѝ објасните дека манипулира со вас? Ако така се чувствувате, кажете ѝ дека е нарцисоидно и злобно суштество кое ги искористува вашите емоции за да го добие тоа што го сака. Не ви се чини дека ова звучи подобро од: „Да, таа е комплетно луда“? На тој начин луѓето всушност ќе знаат што сакате да кажете.

5. Таа постојано е под дејство на алкохол

„Синоќа се опијани и беше комплетно луда.“ Дали можеби сакавте да кажете: „Таа има проблем со прекумерна консумација на алкохол“? Тоа е сосема различно од луда. Ако константно пие и губи допир со реалноста, тогаш имате посериозен проблем од нејзиното „лудило“.

6. Таа реагира нормално

Ова е најчестиот пример на „лудило“. Всушност вие сами ја правите „луда“. Сте направиле нешто што не треба. Сте направиле нешто што ја вознемирило, како флертување со друга жена пред нејзините очи, или не сте ѝ вратиле на пораката, или не сте сочувствувале со нејзините проблеми.

Наместо да признаете дека сте згрешиле, вие возвраќате со „Зошто претеруваш?“ или „Смири се“. Ова секако само ја влошува ситуацијата. Бидете мажи и признајте дека сте згрешиле, прифаќајќи ја одговорноста. Не ја нарекувајте вашата жена „луда“ само затоа што реагирала на нешто за кое длабоко во себе знаете дека вие сте виновни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар