КАФЕ ПАУЗА

Оваа фотографка има една цел – да ги обедини луѓето со своите фотографии

Оваа фотографка има една цел: да ги обедини луѓето со своите фотографии

Секој член во едно семејство е различен, посебен и уникатен на свој начин. Токму оваа идеја ѝ била инспирација на фотографката Мишел Кроу, која преку фотографиите сака да ги обедини сите луѓе, без разлика на расата. Проектот насловен како „Universal family“ ги прикажува мешаните бракови меѓу луѓе од различни раси и националности, со надеж дека ќе ги обедини луѓето и ќе ги натера меѓусебно да се гледаат како едно големо семејство без расистички предрасуди.rnrnКроу пораснала во мешано американско-италијанско семејство и секогаш била блиска со своите родители, браќа и сестри. Токму поради оваа поврзаност таа вели дека најважно е покрај себе да имаш некој кој те сака без оглед на сè. Таа вели дека нејзините родители ја научиле да се грижи за луѓето и да се однесува со нив онака како што и таа сака другите да се однесуваат со неа, тоа е златното правило според кое се раководи во животот.rnrnОваа фотографка има една цел: да ги обедини луѓето со своите фотографииrnrnКроу отсекогаш сакала да ги фотографира луѓето и на некој начин да се вмеша макар за миг во нивните животи. Она што посебно го вреднува и сака да го „фати“ на слика, се разликите меѓу луѓето, но истовремено и нивната слога и љубов. Кроу вели дека светот е преполн со прекрасни различности и можности, па глупаво е луѓето да се ограничуваат себеси и да не го искусат животот вистински.rnrnКроу почнала да ги фотографира членовите на своето семејство и семејствата на нејзините пријатели, што за кратко прераснало во овој проект. Меѓу другото, Кроу става акцент и на браковите меѓу луѓе од ист пол, не само од различни раси, со цел да ги сруши стереотипите кои луѓето ги градат и дозволуваат да бидат заслепени од нив.rnrnПогледнете ги прекрасните фотографии кои го обединуваат светот.rnrn

rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.