Не се користи само за облека: 5 алтернативни начини на кои можете да го употребите омекнувачот

Не се користи само за облека: 5 алтернативни начини на кои можете да го употребите омекнувачот

Омекнувачите постојат, како што налага и нивното име, за да ѝ дадат на облеката посебна мекост. Покрај тоа, тие на облеката ѝ даваат и прекрасен мирис, а еве уште 5 алтернативни начини на кои можете да ги употребите, а за кои сигурно досега не сте знаеле.
Не се користи само за облека: 5 начини да го употребите омекнувачот

1. Го освежува просторот

Омекнувачот може да биде и освежувач на просторот. Земете едно шишенце со распрскувач и наполнете го со вода и омекнувач (разредете го со водата во однос 1:3). Со таа течност напрскајте ги завесите, тепихот и другите ткаенини на кои сакате да им дадете поубав мирис. Исто така, со ваквиот раствор можете да ја освежите и внатрешноста на автомобилот.

2. Го отстранува статичкиот електрицитет

За да спречите прашината да се насобира на телевизорот или на другите пластични површини во домот, ставете на крпата за бришење неколку капки неразреден омекнувач и со неа избришете ги предметите. Со тоа ќе го спречите создавањето електрицитет кој ја привлекува прашината, а притоа ќе им дадете на предметите пријатен мирис.

3. Дава сјај на мазните површини

Ако не можете да пронајдете средство кое дава сјај на мазните површини, омекнувачот може многу да ви помогне. Подгответе го ова средство на следниот начин: Помешајте чаша омекнувач со 4 чаши вода и ставете ја смесата во шише со распрскувач. Напрскајте ја крпата за прашина со средството и потоа со неа избришете ги стаклените површини, туш кабината или некои други мазни површини. Чистењето завршете го со сува крпа.

4. Отстранување на старите тапети

Со омекнувачот можете да ги отстраните и старите тапети на ѕидот. Направете мешавина од еден полн сад со омекнувач и 4 чаши вода. Потопете го сунѓерот во смесата и оставете го во неа 30 минути. Тапетите ќе ги отстраните без никакви тешкотии.

5. Ги омекнува четките за бојадисување на косата

Четките за бојадисување на косата ќе ја здржат својата мекост, доколку после нивната употреба ги измиете во вода во која претходно сте ставиле неколку капки омекнувач.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар