Љубовни правила кои мора да ги почитувате во 2016 година

Сподели

Нова година, нов почеток, нови љубовни правила. Сега кога веќе зачекоривме во новата година, време е да ги отфрлиме старите лоши навики и да свртиме нов лист. Затоа прочитајте до кои правила треба да се придржувате во 2016 година со цел да бидете посреќни во љубовта.

Реклама

Конечно расчистете со бившиот дечко

rnОној за кој сѐ уште верувате дека е вистинскиот за вас, но со кој и понатаму не успевате да ги решите проблемите поради кои повеќе не сте заедно. Така никогаш нема да тргнете напред.rn

Престанете да фантазирате за некој кој не ве забележува

rnТој не губи време да размислува за вас, па зошто вие би го губеле вашето време за него?rn

Ослободете се од лошиот дечко

rnОној што лаже, изневерува или е типичен емоционален и физички злоставувач. Верувајте, тој никогаш нема да се промени, а сите блесоци на подобро се само привремени.

Дајте му до знаење дека ви се допаѓа

rnАко подолго време имате некој кој ви се допаѓа, а не сте сигурни дека и тој го чувствува истото, јавете му се и дознајте. Секако, не морате да сте директни, но ако и тој размислува исто, ќе му помогнете да го направи првиот чекор.rn

Дајте му шанса на некој различен

rnОвој пат обидете се да му дадете можност на некој кој мислите дека не е ваш тип, бидејќи никогаш не се знае. Можете пријатно да се изненадите.rn

Заборавете ги авантурите

rnСе гледате веќе неколку месеци, но тој всушност не знае ништо за вас и не се обидува ни да дознае. Во новата година заборавете ги доцните повици за секс. Иако знаеме дека се надевате, тој нема да се промени и за него вие сте само авантура.rn

Популарно

Може ќе ве интересира