Новата година е време за промени, особено за оние во врска со својот изглед, нега и убавина. Се чувствувате дека во минатата година западнавте во рутина од која ви е тешко да се извлечете? Овие бјути промени ќе ви помогнат да се почувствувате како нови.rnrn
rn
1. Вложете пари во апаратите за разубавување
rnВо оваа година немојте да се одлучите за најевтиниот фен, фигаро или преса, туку одвојте поголема сума пари и инвестирајте во квалитетни стилизатори за коса. Тие не само што ќе ви траат подолго, туку и ќе ви овозможат подобри резултати.rnrn
rn
2. Совладајте го нанесувањето ајлајнер
rnНанесувањето на моливчето за очи не е лесно, но и како секоја вештина, така и оваа бара многу вежбање. Послужете се со триковите како што се лепење на леплива лента или претходно исцртување на точки кои потоа ќе ги поврзете… И запомнете, само со вежбање може да се стигне до совршенство!rnrn
rn
3. Променете го патецот
rnДоколку сакате да го промените изгледот, а сè уште не сте спремни за драстична промена на вашата фризура, преместувањето на патецот на спротивната страна од вообичаената ќе ви овозможи да изгледате потполно различно без никаков труд.rnrn
rn
4. Избришете ја шминката пред спиење
rnДо ова би требало секогаш да се придржувате, но доколку сè уште не сте доволно дисциплинарни, новата година е вистинското време за внесување нови рутини. Имајте на ум дека спиењето со шминка може да предизвика акни, сува кожа и затнати пори.rnrn
rn
5. Редовно пострижувајте се
rnБи требало да се пострижувате 3 до 4 пати во годината, но и почесто доколку косата ви е склона на оштетување. Кога одите на фризер, секогаш прашувајте кога би требало да одите повторно и запишете го тој датум во календарот.rnrn
rn
6. Исчистете ги четките за шминка
rnОва би требало да го правите на секои две недели, но и почесто доколку се шминкате секојдневно. Тие најдобро можат да бидат исчистени со масло за отстранување на шминка и едноставно плакнење под млаз вода. После тоа, ставете ги четките на хартија и оставете ги да се исушат.rnrn
rn
7. Испробајте нова боја на кармин
rnИако ви се чини дека сте ја пронашле идеалната боја на кармин за себе, сепак на пазарот постојат толку многу различни нијанси кои би требало да ги испробате, а можеби ви стојат подеднакво добро, некои дури и подобро. Не колебајте се да си поиграте со боите и со ускладувањето на карминот со остатокот од шминката.rnrn
rn
8. Средете ја козметиката
rnВо продавниците можете да пронајдете различни „организатори“ за шминка, но можете и самите да ги распределите своите омилени производи во различни тегли и кутии.rnrn