8 новогодишни совети против стрес

Сподели

Доколку чувствувате нервоза и не стигнувате да ги завршите сите задачи во текот на денот, ви предложуваме да ги разгледате следниве неколку совети кои ќе ви помогнат релаксирано да ги дочекате новогодишните празници.

Реклама

rn

1. Броење

rnДоколку во текот на денот одеднаш почувствувате стрес, почнете бавно да ја разгледувате просторијата во која се наоѓате. Застанете со погледот на секој предмет, дури и на најмалите ситници и избројте ги. Со овој едноставен трик брзо ќе ја смирите вашата нервоза. Доколку се изгубите во броењето почнете од почеток, но најважно е да не брзате. Стресот ве забрзува и затоа треба да се обидете да го намалите интензитетот на емоциите кои ги чувствувате.rn

2. Цртање

rnВо секоја напната ситуација каде што мора да се воздржите од зборување, најдете хартија и молив и веднаш почнете со цртање. Цртајте што било – портрет, кругови или чкртаници. Едноставно дозволете им на вашите емоции да почнат да течат од несвесното кон свесното преку вашата рака.rn

3. Исклучете го стресот

rnАко сте гледале индиски филмови, веројатно сте забележале дека танчарките прават комплицирани движења со прстите. Што мислите, зошто? Најкраткиот одговор е дека нашите дланки и прсти се проводници кои се тесно поврзани со централниот нервен систем. Допирот може да го подобри расположението, да ве смири и да ви даде сила. За да ја отстраните анксиозноста или нападот на паника, со палците притиснете на средина од дланката и вдишете длабоко. Повторувајте го истото десетина секунди.rn

4. Релаксирање

rnБрадата е зона во која се концентрира напнатоста. Токму затоа и кога сме лути инстиктивно почнуваме да ја собираме вилицата. Па, доколку сакате да го вратите доброто расположение, малку подотворете ја устата и полека свртете ја главата десно, па лево и притиснете ја брадата на градите. Повторете го ова 10 пати и веднаш ќе почувствувате опуштање.rn

5. Синхронизација

rnСинхронизираните движења ги инхибираат нервните процеси. Токму затоа и плетењето ги смирува нервите. Ако не сте во состојба да носите игли за плетење, тогаш погрижете се со вас секогаш да имате мастики за џвакање. Не е ни чудно што малите деца плачат кога ќе им ја одземат цуцлата.rn

6. Враќање во детството

rnКога ќе се вратите од работа уморни, не гледајте вести на телевизија, туку пуштете цртани филмови или некоја од вашите омилени филмски бајки. Детскиот свет е свет на безгрижна среќа кој не мора да го оставите зад себе откако ќе пораснете.rn

7. Танцување

rnТанцувањето како спорт го стимулира лачењето на ендорфини – хормонот за среќа. Тоа исто така е и еден начин на самозапознавање. Дали сметате дека сте пред емотивна експлозија? Пуштете ја вашата омилена музика и заиграјте, колку тоа и да ви изгледа тешко во тој момент.rn

8. Туширање

rnПуштете млака вода, застанете под туш и затворете ги очите. Дозволете ѝ на водата слободно да паѓа од вашата глава кон петите. Откако ќе почнете да чувствувате смирување, кажете ѝ на водата гласно што ве мачи, бидејќи таа има моќ да ги измие лошите нешта од вас и многу да ви помогне.

Популарно

Може ќе ве интересира