Иако шминката и фризурата често ни помагаат да ја изразиме својата индивидуалност, некои од трендовите за убавина ја преминуваат границата на добриот вкус. Со сѐ поголемото распространување на Инстаграм, некои од овие трендови беше невозможно да ги избегнеме, па затоа и сите паднавме под нивно влијание. Погледнете кои од нив со сигурност можат да се сместат во категоријата за најлоши од оваа година.rn
1. Кловновско контурирање на лицето
rn
rnrnОва е еден револуционерен тренд кој го носи шминкањето до екстреми. Кловновското контурирање никако не одговара на вашето лице и ве прави да изгледате како лик од стриповите.rn
2. Пренагласени усни
rn
rnrnОвие примери треба на сите да им послужат како инспирација за апсолутно „не“ кога станува збор за изгледот. Треба да бидете задоволни со природните усни кои ви се дадени, бидејќи ваквите усни секогаш изгледаат вештачки.rn
3. Светкави бради
rn
rnrnПразничната еуфорија отиде предалеку во моментот кога се појавија мажи кои своите бради ги бојадисуваа во светкави нијанси. Некои заминаа и чекор понапред, па почнаа и да ги украсуваат со најразлични декорации. Едноставно… Не!rn
4. Светкав корен
rn
rnrnПоради ваквите зафати ќе се покаете веќе по првото миење на косата, бидејќи во неа сигурно ќе пронајдете уште остатоци од светки кои не се отстрануваат лесно.rn
5. Додатоци за машки пунџи
rn
rnrnИако машките пунџи оваа година беа најбараниот поим на Гугл во врска со косата, носењето на ваквите додатоци е целосен апсурд.rn
6. Необични бои за коса
rn
rnrnОваа година бевме сведоци на бројни трендови во бојадисувањето на косата, но што е многу – многу е. Експериментирањето е забавно, но во сѐ треба да се има мера.
