Претходно
Мешавина за топење на калориите: Додајте ја во утринското кафе
Датум: 27 дек 2015
Не дозволувајте си себеси да се здобиете со прекумерна тежина во текот на зимските месеци, посебно за време на празниците. Обидете се да ја балансирате својата исхрана, а еве и еден совршен рецепт за мешавина која можете да ја конзумирате со вашето кафе доколку ви се случи да имате некој килограм повеќе.
Потребни состојки:
- 180 мл кокосово масло (нестопено)
- 8 лажици мед
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка чист екстракт од ванила
- 1 лажица какао
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса. Потоа претурете ја смесата во стаклен сад.
Консумирање:
Додајте 1-2 лажички од оваа смеса во вашата утринска шолја кафе додека е тоа топло. Или пак, можете сѐ заедно да помешате во блендер и потоа да уживате во вашиот омилен утрински напиток.
Да не се мисли 180мл кокосово млеко? Дека ако е масло, тогаш би требало половина тегличка да се стави. Ме интересира и дали ова е количина само за една доза кафе?
Рецептот е со кокосово масло кое делува како природен поттикнувач на метаболизмот. Количината е за секојдневна континуирана употреба, сѐ додека не се потроши, кога може да се подготви нова доза.