Пронајдок на годината: Чорапи кои ја паузираат серијата ако заспиете

Пронајдок на годината: Чорапи кои ја паузираат серијата ако заспиете

За овој пронајдок е заслужна компанијата Нетфликс, а добро е тоа што овие чорапи може да ги изработи секој. Нетфликс веќе го промени традиционалното гледање телевизија, а со својот нов пронајдок оди уште еден чекор понапред. Имено, популарната компанија во соработка со агенцијата „Deeplocal“, направиле чорапи кои можат да детектираат дали сте заспале додека гледате некоја содржина на Нетфликс, по што автоматски го паузираат тоа што сте го гледале. На тој начин луѓето нема да пропуштаат ништо важно од своите омилени емисии, ТВ серии или филмови.

(0)-pronajdok-na-godinata-chorapi-koi-ja-pauziraat-serijata-ako-zaspiete-kafepauza.mk

Системот за детекција на заспивањето се базира врз популарен метод кој се нарекува актиграфија. Во овие чорапи има вградено детектор за забрзување кој забележува кога подолго време не се движите и кој потоа испраќа сигнал до телевизорот за автоматско паузирање на тоа што го гледате. Пред да се случи тоа, се вклучува црвена ламба на работ од чорапите, сигналирајќи ви дека наскоро ќе биде паузирана програмата. Сигналот може да биде спречен со каков било вид движење. Детекторот за забрзување е осетлив и на најмалите движења, што значи дека прави разлика помеѓу тоа дали сте заспале или само седите мирно додека гледате нешто на Нетфликс.

1-pronajdok-na-godinata-chorapi-koi-ja-pauziraat-serijata-ako-zaspiete-kafepauza.mk_

Погледнете го следново комплетното упатство за изработка на овие чорапи кои Нетфликс го објави на својот веб-сајт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар