КАФЕ ПАУЗА

9 работи кои можат да ги разберат само луѓето кои живеат далеку од семејството

Има многу причини поради кои луѓето се разделуваат од семејството. Некогаш тоа е работата, а некогаш само желбата за патување. Кога сте далеку од својот дом, вашиот поглед на светот се менува. Сигурно некогаш се чувствувате осамено, а друг пат доживувате моменти кога имате потреба да го преиспитате значењето на зборот „семејство“. Сепак, каде и да одите нека ве теши помислата дека духот на вашите најблиски секогаш ќе биде со вас.rnrn(0)-9-raboti-koi-mozhat-da-gi-razberat-samo-lugjeto-shto-zhiveat-daleku-od-semejstvoto-kafepauza.mkrnrnПогледнете ги следниве 9 нешта кои можат да ги разберат само оние кои живеат далеку од семејството:rn

1. Почнувате да размислувате со своја глава

rnСемејството е како столб: тоа ви овозможува емоционална и духовна сигурност кога ви е најпотребна. Но, кога сте далеку од таа сигурност, почнувате да ги гледате работите од ваш агол и почнувате да се грижите самите за себе.rn

2. Се чувствувате отфрлено од семејните настани

rnБез разлика дали се работи за родендени или годишнини, полека почнувате да заборавате како се прославуваат важните настани во вашето семејство. Веројатно ќе ѝ го честитате роденденот на вашата мајка преку Фејсбук или Скајп, но и понатаму ќе ви недостасува радоста која сте ја чувствувале кога сте биле присутни на овие важни семејни прослави.rn

3. Го користите вашиот одмор за посета на семејството

rnДодека другите на одморот гледаат како на период кога треба да се релаксираат и оддалечат од семејството, вие го користите за посета на вашите најблиски. Сепак, постојано ви се чини како тие одмори да се недовршени бидејќи никогаш немате доволно време да се видите со своите, ниту пак да се одморите.rn

4. Знаете да се прилагодите и покрај тоа што сте далеку од семејството

rnСте успеале да се прилагодите и да живеете убав живот во новата средина. Себеси се доживувате како светски човек и знаете дека можете да преживеете и без секојдневната поддршка од вашето семејство. Вие сте самостојни, храбри и силни, каде и да ве одведе животот.rn

5. Чувствувате носталгија за домот

rnНосталгијата за домот има различно значење за секого, но повеќето сметаат дека домот е онаму каде што е семејството. Сигурно ви недостасуваат храната, насмевките, атмосферата и навистина сакате да сте поблизу до вашето семејство. Некогаш таа борба со носталгијата ја чувствувате како жртва од ваша страна.rnrn(3)-9-raboti-koi-mozhat-da-gi-razberat-samo-lugjeto-shto-zhiveat-daleku-od-semejstvoto-kafepauza.mkrn

6. Го разбирате и цените значењето на зборот „семејство“

rnНекаде по патот низ животот сте сфатиле точно што значи семејството. Затоа и ви недостасува љубовта и поддршката која сте ја чувствувале додека сте биле покрај нив и со задоволство се присетувате на убавите моменти кои сте ги провеле заедно. Кога ќе запознаете личност која ве потсетува на некој член од вашето семејство, автоматски имате симпатии кон неа.rn

7. Често се сомневате дали сте ја донеле вистинската одлука

rnНекогаш размислувате за животот и се прашувате дали била паметна одлуката да заминете толку далеку од семејството. Сфаќате дека тоа е нова фаза во вашиот живот и дека ви е потребно време да се навикнете на осаменоста и да научите сами да излегувате на крај со секојдневните проблеми.rn

8. Почнувате да ја забележувате разликата помеѓу луѓето и местата

rnВи станува јасно дека семејството го прават луѓето, а не местото. Токму затоа и се обидувате да останете во контакт со нив и да разговарате најчесто што можете. И тоа навистина е така, родниот град никогаш нема да ви значи толку, колку времето поминато со семејството.rn

9. Вашиот однос со семејството постојано се развива

rnДа останевте со вашето семејство, вашиот однос со нив никогаш немало да се развие на овој начин. Кога се одделувате од останатите членови на семејството, вашиот однос со нив се развива и добива нов облик. Родителите повеќе не ве сметаат за дете и почнуваат во вас да гледаат сериозна личност.rnrn(1)-9-raboti-koi-mozhat-da-gi-razberat-samo-lugjeto-shto-zhiveat-daleku-od-semejstvoto-kafepauza.mk