Непростливи модни прекршоци: 4 најголеми грешки во облекувањето кои ги прават жените
Во модната анкета на еден познат сајт за онлајн шопинг учесниците требало да одговорат на прашањето кои се, според нивното мислење, најголемите грешки кои жените ги прават во облекувањето. Во продолжение погледнете ги резултатите кои би можеле да ве изненадат.
1. Премногу животински парчиња
Погрешното комбинирање на парчињата облека со животински принтови е непростлива грешка за испитаниците. Иако ваквите трендови се популарни веќе неколку години, некои од дамите очигледно малку претеруваат со нивната желба да го разбудат „животинското“ во себе.
2. Претесна облека
Од пантолони до здолништа, преку маички до фустани – кројките кои не му ласкаат на телото туку непримерно го стискаат, не се популарни. Испитаниците сметаат дека облините и фигурата на телото можат да бидат нагласени и во удобна облека.
3. Тексас на тексас
Овој материјал во последните неколку сезони ужива голема популарност. Со пантолоните направени од тексас се носат и вакви кошули, а самиот материјал се појавува и како додаток на преостанатите елементи од изгледот. Исто како и во случајот со животинските принтови, претерувањето со тексасот, анкетираните личности го доживуваат како моден прекршок.
4. Вечерна облека во текот на денот
Испитаниците не се поборници за гламурозни дневни комбинации и сметаат дека вечерната облека припаѓа во вечерните часови од денот.