Животинскиот свет на Африка во ноќта

Сподели

Фотографот Мартин Дорн скришно во тивката ноќ, благодарение на денешната развиена технологија, успеал да направи фотографии од дивите животни во Националниот парк Серенгети во Танзанија, Источна Африка.rnДорн не употребувал вештачка светлина за да не ги исплаши животните. Тој ги направил фотографиите со помош на технологија која ја подобрува светлината што ја даваат ѕвездите на небото. За некои слики тој користел камера чувствителна на топлина, нешто слично како на уредите за ноќно гледање, но со способност да направи фотографии со висока резолуција. Дел од овие фотографии се наменети за проектот „Ноќта на еден лав“ (Night of a lion) за телевизијата „National Geographic“.

Популарно

Може ќе ве интересира