Совети за нега на кожата во текот на менструалниот циклус
Жените многу добро знаат како изгледа нивната кожа пред, во текот и после менструалниот циклус. Обично лицето е натечено и доаѓа до појава на акни, па затоа е потребно да му се посвети доволно внимание и адекватно да се негува. Еве како.
Целиот период пред и после менструалниот циклус трае 28 дена и во текот на тој период нашата кожа минува низ низа промени.
Во предменструалниот период нашата кожа изгледа најлошо, сè до моментот додека не добиеме менструација. Тогаш доаѓа до пораст на нивото на естроген, прогестерон и тестостерон, а нашата кожа реагира со зголемено лачење на масла и поголема отвореност на порите, поради што доаѓа до отекување на лицето. Затоа е добро да користите тоник за чистење на лицето со салицилна киселина, бидејќи со неа најдобро ќе ги отстраните сите бактерии од кожата.
Менструалниот период, барем кога е нашата кожа во прашање, е специфичен по тоа што нивото на естроген е многу ниско, додека воспалителниот процес на кожата многу висок. Кожата и понатаму не е во најдобро издание, бидејќи вашето лице може да изгледа испиено, а со самото тоа вие може да делувате уморно. Најдоброто нешто што можете да го направите во тој период е да ја негувате вашата кожа со тоник кој содржи комбинација на кафе, зелен чај и витамин Ц, кој ќе ја смири кожата.
Периодот после менструацијата подразбира пораст на нивото на естроген, па со самото тоа нашата кожа изгледа многу подобро. Кожата е хидрирана, порите се намалени и се произведува колаген кој е од голема важност за нејзиниот убав изглед. Во овој период секогаш нанесувајте крема со СПФ, а ако е возможно избегнувајте тешка шминка и дозволете ѝ на вашата кожа да дише и на вистински начин да се одмори.
Периодот на овулација е карактеристичен по тоа што кожата лачи доста масла, па со самото тоа е склона кон создавање акни. Ова е период кога хормоните „дивеат“ во нашето тело, па затоа е многу важно да користите препарати и шминка кои во себе не содржат масла, бидејќи само на овој начин ќе успеете да ја сочувате вашата кожа во најдобро издание.