Иако сода бикарбоната главно се користи за чистење или за ослободување од непријатните кујнски мириси, често забораваме дека нејзината намена е многу поголема и дека можете да ја употребите и за личната нега на лицето и телото.
Следуваат 10 начини на кои можете да ја употребите сода бикарбоната во секојдневната нега.rn
1. Миење на рацете
rnЧесто се случува антибактериските сапуни за раце да не ја отстранат целата нечистотија или маснотија од рацете. Доколку со вода помешате малку сода бикарбона и ја протриете смесата низ дланките, веднаш ќе го решите овој проблем.rn
2. Шампон за суво миење
rnДоколку неочекувано ви се потроши шампонот за коса или сакате брзо да ја „измиете“ косата без потоа да ја сушите со фен, сода бикарбоната може да ви помогне. Нанесете ја на коренот и нежно протријте за да се впие целата маснотија од косата.rn
3. Природен дезодоранс
rnДоколку барате природен дезодоранс без алуминиум, можете да ја употребите сода бикарбоната. Само помешајте ја со вода или пробајте некои рецепти со есенцијални масла за арома.rn
4. Избелување на забите
rnСмесата од сода бикарбона и вода може да ги отстрани дамките од кафе, црвено вино или цигари. Помешана со малку хидроген пероксид, оваа комбинација ќе делува како вистинско средство за избелување на забите со кое ќе заштедите и пари.rn
5. Пилинг за кожа
rnАбразивните честички кои се во составот на сода бикарбоната ја прават идеална за ексфолијација на кожата. Можете да ја додадете во вообичаениот пилинг за кожа или да направите смеса со вода.rn
6. Избелување на ноктите
rnДоколку често сакате да менувате лакови за нокти во различни бои, жолтилото кое тие го оставаат на ноктите после нивното отстранување сигурно ви е познато. За да ги избелите ноктите, направете смеса од сода бикарбона и хидроген пероксид. Нанесете ја на ноктите со четка за заби и оставете ја 3 до 5 минути. Потоа само измијте ги рацете.rn
7. Отстранување на препратите за самопотемнување
rnДоколку имате дамки од неправилно нанесен лосион за самопотемнување на телото, можете лесно да ги отстраните со смеса од сода бикарбона и лимонов сок.rn
8. Чистење на четките за шминкање
rnИако повеќето од нас користиме сапун и масло, сода бикрбоната исто така може да биде доста делотворна. Неколку кафени лажички сода бикарбона растворени во топла вода веднаш ќе ги отстранат остатоците од шминка од вашите четки, а оваа смеса е добра и за чистење на четката за заби и четките и чешелите за коса.rn
9. Освежувач на здивот
rnХраната која содржи шеќер и киселини може да ја наруши природната pH вредност во устата и да предизвика лош здив. Плакнењето на устата со топла вода и сода бикарбона ќе ги отстрани непријатните мириси и ќе придонесе за општото здравје на вашата уста.rn
10. Нежна кожа
rnНе е во прашање урбана легенда – сода бикарбоната навистина го смирува црвенилото на кожата и чешањето. Помешајте ја со својот вообичаен гел за туширање кој редовно го користите за уште подобар ефект.

