Како луѓето од вашата професионална средина да ве запаметат за 30 секунди?
Според неколку истражувања, просечниот човек ја губи концентрацијата после 8 секунди. Затоа имаме многу малку време да останеме забележани во неколку конкретни ситуации, како што се разговорите за работа, состаноците, преговорите…
Веб сајтот Levo League ги дава 5-те клучни совети како некому да останете во долго сеќавање.
1. Користете приказни кои поврзуваат
„Кога некој ќе ве праша што работите немојте само да рецитирате: ‘Јас сум Петар Петровски и работам како тоа и тоа’. Наместо тоа, користете некоја приказна која ќе ве поврзе со личноста со која разговарате, која ќе му го даде вистинскиот увид во тоа кои сте вие“ – објаснува Аманда Марко, консултант за стратешки комуникации за „Entrepreneur“.
2. Исфрлете го службениот жаргон
Сѐ се состои во тоа да препознаете која е личноста на која ѝ се обраќате. Немојте да користите технички изрази или изрази поврзани со струката, освен ако личноста не работи во истата индустрија како и вие и ја познава вашата работа. Ако зборувате јасно и разбирливо, вашите реченици ќе останат секому во сеќавање.
3. Додадете некоја анегдота
Истражувањата на „Стенфорд“ покажуваат статистики дека луѓето повеќе време поминуваат во разговор кога ќе додадат некоја анегдота. Хуморот и смеењето ги поврзуваат луѓето, и тоа за 65-70%, пишува „Форбс“.
4. Истакнете ги заедничките работи кои ги имате со соговорникот
Доколку забележите дека со некого имате заеднички познаници, или ако заклучите дека сте оделе во истото училиште или факултет, полесно ќе ви биде да ја запомните таа личност. Заедничките работи вклучуваат и заедничко омилено списание, филм или мислење за некого. Пронајдете ја клучната работа која ве поврзува и ќе бидете на добар пат.
5. Дадете комплимент
На крајот, да не ја заборавиме реченицата: Луѓето ќе запаметат како се чувствувале покрај вас. Толку е просто и едноставно. Вистинскиот комплимент гарантира топла, пријателска атмосфера. Но, не заборавајте да се држите до комплименти поврзани со работата – „Одлична презентација“ или „Имаше добри коментари на состанокот утрово“.