Не ви е потребна ниту пластична операција ниту инјектирање на разни хемиски препарати за да направите вашите усни да изгледаат како оние на познатите светски ѕвезди. Доволно е да ги знаете следниве неколку трикови и ќе изгледате фантастично.rnrn
rnrnПрвиот чекор до визуелно пополни усни е: на средината на горната и долната усна ставете малку коректор за усните да станат посветли на тој дел.rnrnПотоа со молив за усни следете ја контурата на усните или оцртајте ги малку погоре од природната линија. Ова го правите со моливче кое е за нијанса потемно од бојата на вашите усни или кое се поклопува со бојата на избраниот кармин.rnrnШто се однесува до изборот на бојата на карминот, битно е да избегувате темни и ладни нијанси.rnrnСтавете светол или провиден сјај за усни на истите места каде претходно го ставивте коректорот и инстантно ќе добиете впечаток на поголеми усни. Најдобри се розовите сјаеви, бидејќи сјајните бои и хидратантните формули најмногу ја рефлектираат светлината, притоа правејќи ги вашите усни визуелно пополни. Она што на крајот можете да го направите е да ставите малку хајлајтер над срцевидниот агол на горните усни.
Како најефикасно да го нагласите волуменот на усните?
