Интересни, мистериозни загатки што ќе ја разбудат вашата имагинација и вашите скриени, детективски способности…rnrn
rn
1. Леден чај
rnДве девојки излегле заедно на вечера. Двете порачале леден чај. За времето во кое првата девојка ја испила првата чаша, втората испила пет чаши леден чај.rnrnДевојката која испила само една чаша умрела, додека другата преживеала. Во сите пијачки имало отров.rnrnКако преживеала девојката што испила повеќе чаши ладен чај?rn
2. Касета
rnНепознат маж е пронајден мртов со касетофон во едната рака и пиштол во другата.rnrnКога пристигнала полицијата, веднаш го притиснале копчето PLAY на касетофонот.rnrnНа касетата било снимено „Немам зошто да живеам повеќе. Не можам да продолжам“, а потоа истрел од пиштол.rnrnПосле преслушувањето на касетата полицајците знаеле дека се работи за убиство, а не за самоубиство.rnrnКако го знаеле тоа?rn
3. Броеви
rnДетектив кој бил влезен во трагата на меѓународен синџир на шверц со нафта ненадејно исчезнал.rnrnДодека го проверувале местото на кое бил последно виден, полицајците нашле белешка на која било запишано:rnrn710 57735 34 5508 51 7718rnrnМоментално има тројца осомничени: Bill, John и Todd.rnrnМожете ли да го пробиете детективскиот код и да го откриете името на криминалецот?rn
4. Богати луѓе
rnЧовек е пронајден мртов во недела наутро. Неговата жена повикала полиција и полицијата ги испрашувала жената и послугата. Тие ги приложиле следните алибија:rn
- rn011
- Жената рекла дека спиела
- Батлерот го чистел шпајзот
- Градинарот собирал зеленчук
- Слугинката била да ја земе поштата
- Готвачот подготвувал појадок
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnПолицијата веднаш го уапсила убиецот.rnrnКој бил убиецот и како полицијата била сигурна?rn
5. Широк костум
rnНа улицата Фримонт било извршено криминално дело. Главен осомничен е човек по име Шон Бејкер. Според сведоците, непознат човек чекорел по патеката кога ненадејно бил погоден од куршум во стомакот.rnrnОсомничениот има кафеава коса, сини очи и носел широк Армани костум, исто како Шон Бејкер. Од Шон било побарано да ја раскаже приказната од почеток.rnrn„Па“, рекол Шон, „Се врткав околу паркот кога го видов човекот кој доаѓаше по патеката. Одеднаш, зад него се појави непознат тип и го застрела! Јас избегав дома најбрзо што можев.“rnrnПолицијата од него побарала да го опише убиецот.rnrn„Тој имаше црвени мустаќи, црвена коса и широк Армани костум.“rnrn„Мислам дека овој човек лаже“, рекол еден од полицајците.rnrnКако бил сигурен во тоа?rnrn
rn
6. Соби
rnУбиец е осуден на смртна казна. Има можност да избира помеѓу три соби:rnrnВо првата беснее пожар, во втората има убијци со пиштоли и во третата лавови кои не јаделе со години.rnrnКоја соба е најбезбедна?rn
7. Коли, ножеви и жени
rnМаж ја убива својата сопруга во нивната кола со нож. Нема сведоци.rnrnЈа исфрла од колата, внимавајќи да не остави отпечатоци на нејзиното тело.rnrnСледно, го фрла ножот од една карпа во длабока провалија, каде што никогаш нема да биде пронајден и си заминува дома.rnrnЕден час подоцна добива повик од полицијата при што му кажуваат дека неговата жена е убиена и дека треба да дојде на местото на злосторот најбрзо што може.rnrnШтом пристигнува го апсат.rnrnКако знаеле дека тој е убиецот?rn
8. Планинарење
rnПар отишле на планинарење во друга земја. Само мажот се вратил од одмор и кажал дека жена му се лизнала додека се качувале и паднала. При истражувањето на случајот, локалниот шериф го уапсил мажот известувајќи го: „Се јавија од туристичката агенција. Си ја убил жена ти.“rnrnМажот не известил никого за патувањето. Како знаеле од туристичката агенција дека тој е убиецот?rn
9. Погреб
rnНа погребот на својата мајка, девојка сретнала непознат маж.rnrnТаа била заинтригирана од мажот и заинтересирана да го запознае подобро.rnrnНо, додека разговарала со други луѓе присутни на погребот, сфатила дека не го знае неговото име, ниту пак неговиот телефонски број. Кога го побарала, тој веќе бил заминат.rnrnЕдна недела подоцна, таа го убила нејзиниот постар брат за да го најде човекот.rnrnЗошто?rn
10. Живот во колиба
rnБогат човек живее сам во мала колиба. Бидејќи бил делумно парализиран, сѐ му било доставувано до неговата колиба.rnrnЕден четврток кога вообичаено доставувал писма, поштарот забележал дека предната врата е отворена. Низ вратата можел да го види телото на мажот како лежи во вир од крв.rnrnКога дошол детективот, ја испитал сцената. На тремот имало две шишиња топло млеко, понеделнички весници, каталог, флаери и неотворени писма.rnrnДетективот се посомневал дека се случило убиство.rnrnВо кого се посомневал и зошто?rnrnАко приложените докази не ви беа доволни за да го откриете убиецот, тогаш погледнете ги одговорите на втората страница или кликнете овде.rnrn