Марсала бојата се повлекува од модната сцена: Овие бои ќе ја одбележат 2016-та година

Марсала бојата се повлекува од модната сцена: Овие бои ќе ја одбележат 2016-та година

Брендот „Пантон“ е познат по тоа што секоја година во месец декември објавува која боја ќе ја одбележи наредната година. За разлика од оваа година, во која доминираше марсала бојата, 2016-та ќе ја одбележат ниту повеќе ниту помалку туку пастелните тонови. Да, добро прочитавте, не само една туку повеќе пастелни бои, додека предност ќе има комбинацијата на пастелно розови и пастелно сини тонови.

1-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Познатите дизајнери веќе ја воведоа оваа комбинација на бои во своите колекции за наредната година, а познатите убавици ги облекоа нивните парчиња во текот на своите појавувања, па еве прилика да видите како може да ги носите пастелните розови и сини нијанси во текот на 2016 година.

1. Комбинацијата од пастелно розови и сини тонови беше неизоставна во колекцијата на брендот „Вионет“ за пролет/лето 2016 година.

2-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

2. Преубавата ќерка на манекенката Петра Њемцова, оваа година на црвениот тепих на канскиот фестивал се појави во тоалета од пастелни тонови од колекцијата „Couture“ на брендот Захаир Мурад за 2016 година.

3-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

3. Еве една од креациите од пролетната колекција на брендот „Армани“ за 2016 година.

4-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4. Преубавата Кендал Џенер во текот на Париската модна недела во октомври носеше една од креациите со пастелно розови тонови.

5-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

5. Колекцијата на модната куќа „Делпозо“ за пролет/лето 2016 година ни ја донесе оваа нежна тоалета со пастелно розови тонови украсена со пастелно сини детали.

6-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

6. Манекенката Суки Вотерхаус на вечерата на брендот „Бурбери“ носеше креација од пастелни тонови која додатно ја истакна нејзината женственост.

7-marsala-bojata-se-povlekuva-od-modnata-scena-ovie-boi-kje-ja-odbelezhat-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар