Со забавата на Absolut вотка вчера во Станица 26 на промоцијата на новогодишното пакување Absolut Electrik, мајсторски го смени начинот на игра, менувајќи ја конверзацијата и ре-создавајќи сѐ одново со цел да продуцира и понуди нешто повеќе за своите фанови. Меѓу гостите беа бројни познати јавни личности, а за атмосферата беше заслужен ДЈ Зоки Бејбе. Атракција на вечерта беа и барменките кои висеа одозгора и ги служеа гостите кои беа импресионирани од новите вкусови на Absolut Electrik.rnrn
rn
„Горди сме што можеме да ја презентираме нашата најнова едиција претставена во Absolut Electrik со метален опсег, достапни во сина и сребрена боја што евоцира чувство на енергија способна секоја ноќ да ја претвори во ‘електронска’ и да додаде инфузија од креативност и трансформација“ – изјави Лука Луковски од Absolut.
rnAbsolut Electrik ја содржи истата добро позната шведска вотка како и вообичаеното пакување Absolut вотка. Направена е од исклучиво природни. Absolut има богат, полн и комплексен вкус, но мазен, весел и со посебен шмек. Сите варијации на Absolut вотките се направени во иста дестилерија, со пченица од истите области и проверена вода од сопствен извор.rnrn
rn
„Absolut Electrik ја продолжува традицијата на воведување на ограничени изданија на крајот на секоја година. Шишињата-близнаци се достапни во електронски-сина и сребрена боја, со полутранспарентен слој кој креира проѕирни рефлексии. Комбинацијата од двете бои ја креира препознатливата кобалт-сина Absolut боја, која естетски потсетува на трепкачки светла и пулсирачки битови. Ги повикувам сите да ја пробаат и одговорно да уживаат во забавата со најблиските за празниците кои доаѓаат“ – додаде Луковски.
rnМисијата на Absolut Electrik преку новата филозофија „Трансформирај ја денешницата“ е да ги поддржи соработките помеѓу артистите и фановите на Absolut, да овозможи проекти и инсталации, како и продукција на музика која ја застапува токму „трансформацијата“.rnrn
rnrnОва е надоврзување на претходните напори на Absolut да се фокусира на соработки со познати уметници и дизајнери како Енди Ворхол, Луиз Буржуа и Демијан Хирст. Absolut ја продолжува својата долгогодишна традиција на работа со „врвни уметници“, но овој пат нештата ќе се прават поинаку и со повисоки амбиции за поврзување со Absolut фановите ширум светот.rnrn
