Мајчини совети за љубовта: Тој треба да ги брише вашите солзи, а не да ги причинува
Мајките постојано делат совети, дури и ако тоа што го зборуваат ви влегува во едното уво, а излегува од другото. Па, доколку не сте слушале кога тие ви зборувале, прочитајте ги сега нивните најтопли и најискрени совети за љубовта кои ќе ви помогнат при одржувањето на вашата врска или брак…
1. Ако сакате да имате успешна врска или брак, најважно е да се трудите да бидете добри едни кон други. Добротата и нежноста често паѓаат на второ место, а 90% од односот се состои од нив.
2. Обрнете внимание на начинот на кој тој се однесува кон својата мајка. Запомнете, еден ден тој така ќе се однесува кон вас.
3. Ако имате проблеми во добрите времиња, нема шанси да ги преживеете лошите. Почнете да обрнувате повеќе внимание дури и на најситните нешта кои ви пречат.
4. Немојте да му/ѝ се наметнувате, ниту пак да се обидувате да ги менувате. Ако не ви се допаѓа какви личности се тие сега, воопшто немојте ни да им се додворувате.
5. Секогаш сакајте се себеси барем трошка повеќе одошто го сакате партнерот. Ако не се сакате себеси, никој друг нема да може да ве цени.
6. Безусловната љубов не постои, освен во односот помеѓу мајката и нејзиното дете. Токму затоа и не треба да ја барате од личноста со која сте во врска или брак.
7. Во животот мора да поминете низ некои нешта пред да се смирите. На тој начин подобро ќе се запознаете, ќе ги исполните соништата, ќе се надградите и ќе знаете што навистина сакате.
8. Љубовното патење е секогаш тест на карактерот. Можност за учење од грешките и отворање пат кон нешта ново и подобро.
9. Од почетокот поставете ги нештата онака како што ги сакате. Ако и другата страна го направи истото, тогаш ќе имате искрен однос. Поставувањето на нештата на почетокот ќе останат како темел за сите понатамошни случувања.
10. Новата долна облека може да чини чуда во бракот. Немојте да се запуштите, не поради него, туку поради себе.
11. Никогаш немојте да слушате љубовни совети од луѓе кои се во врска каква што вие не би сакале. Не би сакале да налетате на исти проблеми како нивните.
12. Најдете личност која ќе ви се додворува и која постојано ќе биде џентлемен или дама. Вниманието и грижата никогаш не губи цена.
13. Не е важно колку пари имаат тие, важно е како ги распоредуваат и колку ќе им траат. Одберете ја онаа личност која знае како да штеди, но и како да троши.
14. Покрај вистинските маж или жена, секој се чувствува сигурно и сакано. Секогаш, дури и кога се карате.
15. Вистинскиот партнер треба да ги брише вашите солзи, а не да ги причинува. Никогаш не заборавајте на ова.