Овен, Лав и Стрелец: Што најмногу сакаат и посакуваат огнените знаци?
Доколку сакате подобро да ги запознаете Овенот, Лавот и Стрелецот, прочитајте во што уживаат и што најмногу посакуваат, бидејќи тие се најогнените знаци во целиот хороскоп.
Припадниците на огнените знаци ги сакаат правилата, но само доколку самите ги напишат. Потребни им се независност и слобода, па затоа секоја граница ги предизвикува да ја прескокнат. Се чувствуваат посебно, па да се биде необичен за нив е сосема нормална состојба. Лесно им е да се истакнат меѓу мнозинството и да блеснат со својата внатрешна сила.
Рутината и просечноста ги плашат, па ќе направат сè за да бидат поразлични. Затоа ќе патуваат, ќе се оттргнат од канцеларискиот живот, ќе живеат во егзотични краеви, ќе создаваат, ќе блескаат на социјалната сцена… Сакаат да бидат први, најдобри, најхрабри и секогаш се бескрајно горди.
Припадниците на огнените знаци се екстравертни т.е. својата необичност ја нагласуваат со став, статус и облека. Експлодираат од енергија, гласни се и се наоѓаат во центарот на вниманието. Секогаш имаат премногу случувања, авантури, успеси и приказни.
Ќе го освојуваат светот и ќе ја бараат смислата на животот, а зад себе сакаат да остават видлива трага. Затоа, во своите создавачки напори ќе прават луди и необични работи по кои ќе бидат запомнети.