Оваа есен времето е топло и сончево, па тенкиот кардиган за кул и интересен изглед е нешто навистина потребно. Ова парче облека со сигурност ќе ви помогне да изгледате урбано и модерно, но исто така постојат и многу начини на кои можете да го вклопите со останатата гардероба, и притоа да го освежите својот стајлинг и изглед.
Кардиганот ви дава голема слобода за комбинирање на безброј начини, при што можете да делувате сериозно и формално, а во некои случаи нежно и романтично. Еден од нашите омилени начини за комбинирање на овој вид џемпер е со кожна јакна и фармерки, но бидејќи следат поладни денови, инспирација за соодветни модни комбинации може да пронајдете во текстот подолу.
rn
1. Преголем, XXL кардиган
rnПреголемиот кардиган е навистина потребно парче кога времето е ладно и дождливо. Совршено се вклопува со тесни фармерки, а дефинитивно може да го носите со сите видови панталони, бидејќи и самите знаете дека ниту една облека нема да биде премногу видлива под него. Па затоа, топлите сомотски панталони или фармерките од твид се вистинскиот избор за овој модел на џемпер. Потенките кардигани одлично се комбинираат со бела кошула и светли, но и со темни фармерки.
rn
2. Плетен кардиган
rnУште една одлична причина за оваа сезона да се одлучите за кардиган, но плетен е тоа дека овие џемпери се поудобни и потопли од оние класичните. Совршени се за кежул изглед и за прошетка во град.
rn
3. Кардиган со принт и реси
rnАко барате инспирација за да внесете нешто ново и иновативно, тогаш принтот е совршен избор. А бидејќи ресите се моментален хит, кардиганот со принт и реси е вистинско освежување за оваа сезона.
rn
4. Кардиган со аксесоари
rnДоволно е само еден мал трик за да му дадете посебен ефект на вашиот изглед. Едноставно, украсете го кардиганот со широк каиш, а целиот изглед зачинете го со добар шал.

