7 прекрасни изјави за убавината од познатите дами кои ќе ви ја подигнат самодовербата
На познатите ѕвезди понекогаш не им е лесно затоа што со своите изјави можат многу да влијаат на милион жени ширум светот. Сепак, кога станува збор за изгледот и самодовербата, овие дами ги одбрале своите зборови и со тоа ни помагаат да се чувствуваме посигурно во себе. Ова се најмудрите изјави на познатите жени за убавината.
„Секако дека имам комплекси и дека не сум сигурна во себе. Меѓутоа, кога ќе сфатите дека сите луѓе патат од недостаток на самодоверба, ќе почнете да се чувствувате подобро во сопствената кожа.“ – Тејлор Свифт
„Луѓето не разбираат дека да му кажете некому дека е премногу слаб е исто како да му кажете и дека е премногу дебел.“ – Кендал Џенер
„Се чувствувам сигурна во себе, а ако тоа им помага на другите жени да стекнат самодоверба, тогаш супер!“ – Кејт Аптон
„Не вежбајте затоа што мислите дека морате. Треба да вежбате затоа што вашето тело заслужува љубов, почит и внимание.“ – Деми Ловато
„Немам совршени заби, ни беспрекорна линија. Сакам да бидам некоја што е сигурна во себе и која не сака ништо да промени кај себе.“ – Ема Вотсон
„Не верувам дека постои утврдено правило дека мора да изгледате на одреден начин за околината да ве смета за конвенционално убави.“ – Кристен Стјуарт
„Ако само некој ми го шепне зборот ‘диета’ спремна сум на жолчни расправии од епски размери.“ – Џенифер Лоренс