Што мора да запомните кога сте опкружени со негативна енергија?

Што мора да запомните кога сте опкружени со негативна енергија?

Ни се допаѓало тоа или не, секојдневно сме опкружени со луѓе кои или ќе нѐ расположат или ќе нѐ налутат, некои ќе ни го разубават денот, а некои можеби ќе нѐ растажат. На еден или друг начин, барем еднаш во денот ќе ја почувствуваме таа негативна енергија околу нас која за момент е способна да нѐ обземе и нас. Но она што е многу важно да го имаме на ум во тие моменти, е дека туѓата негативност не мора да биде и наша. А во улога на потсетник се секогаш добредојдени изреки како следниве.

(1)-shto-mora-da-zapomnite-koga-ste-opkruzheni-so-negativna-energija-kafepauza-mk

„Големите души секогаш се соочувале со насилно противречење од страна на просечните умови. Просечниот ум не е способен да го разбере човекот кој одбива слепо да се поклонува пред конвенционалните предрасуди и наместо тоа, избира храбро и искрено да ги изрази своите мислења.“ – Алберт Ајнштајн

„Ако егоманијак значи дека верувам во тоа што го правам и во мојата уметност и музика, тогаш може да ме викате така… Верувам во тоа што го правам и го кажувам тоа.“ – Џон Ленон

„Што и да посакате да направите, постојат многу луѓе кои ќе ви кажат дека тоа е невозможно. Но сѐ што е потребно е имагинација. Сонувате. Планирате. Достигнувате.“ – Мајкл Фелпс

(2)-shto-mora-da-zapomnite-koga-ste-opkruzheni-so-negativna-energija-kafepauza-mk

„Не трошете ја енергијата во обиди да наметнете или промените нечие мислење. Одете над, под и низ и мислењата природно ќе се менуваат кога вие сте главни. Или нема. Кому му е гајле? Направете го она што мислите и не грижете се дали им се допаѓа на другите.“ – Тина Феј

„Верувајте во себе и ќе дојде ден кога другите нема да имаат друг избор освен да веруваат заедно со вас.“ – Синтија Керси

„Нема ништо просветлувачко во намалувањето на вашата вредност за другите околу вас да не се чувствуваат несигурно. Сите ние треба да сјаеме, баш како и децата.“ – Мериен Вилијамсон

„Мила моја, воопшто не ми е гајле.“ – Маргарет Мичел

(3)-shto-mora-da-zapomnite-koga-ste-opkruzheni-so-negativna-energija-kafepauza-mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар