Ако сакате да ја пропатувате Европа за време на празниците, тогаш Амстердам треба да ви биде меѓу првите градови на листата. Иако некако потценет помеѓу великаните како Париз и Лондон, Амстердам сепак има што да понуди. Прекрасни канали, архитектура која го одзема здивот и неверојатна уметност се само дел од причините зошто треба да го посетите.
Само ако го посетите ќе сфатите дека тој не е воопшто како другите европски градови. Има повеќе велосипеди отколку луѓе, интересни кафулиња и уникатно место со тесни домови наредени во линија, но сепак клучот на шармот на Амстердам се состои во неговите корени од Златната ера на 17-тиот век и модерниот спој на културата и традицијата. Ако ве убедивме да заминете за Амстердам, еве што треба да посетите.rn
1. Цветниот пазар
rnПознатиот цветен маркет се наоѓа помеѓу каналот Сингел и останатите внатрешни канали. Тој нуди огромен избор на најдобрите и најпознатите лалиња како и други цвеќиња кои ги има во Холандија. Цвеќињата се свежо набрани и тие им се достапни на посетителите кои сакаат да го помирисаат Амстердам.rn
2. Тура по каналите
rnАмстердам е град кој е направен на мрежа од канали, па затоа не треба да пропуштите да го истражите. Турите започнуваат од различни познати туристички атракции како дистриктот Ред Лајт или спомен-куќата на Ана Франк. Во зависност од времето, може да изберете отворен брод или некоја полуксузна варијанта која служи вечера и пијалаци. Без разлика што ќе изберете, пејзажите на зајдисонце се нешто што не би сакале да го пропуштите.rn
3. Куќата на Ана Франк
rnИако не е баш најинтересната активност што може да се прави во Амстердам, сепак милион луѓе се спремни да чекаат за да прошетаат низ празните соби кои порано биле дом на Ана Франк и нејзината фамилија, како и на црвениот дневник кој го криела од нацистите. Оваа прошетка ќе ви биде значајна затоа што ќе научите нешто повеќе за трагедијата на Втората светска војна и болното срцепарателно искуство на една млада дама со малку надеж дека вакво нешто никогаш нема да се повтори.rn
4. Пределот на богатите луѓе
rnУште познат под името Златен предел, ова е најпрестижниот дел од Амстердам кој се наоѓа во близина на каналот Херенграхт. Додека голем дел од градот е познат по високите тесни домови, Златниот предел им дозволил на своите богати потстанари да изградат многу пошироки градби (а голем дел од нив имаат и градини во задниот дел). Ако сакате да го истражувате овој дел како локален жител, тогаш изнајмете велосипед и возете се по патеките наменети за велосипедисти.rn
5. Каналот на седумте мостови
rnНа крајот од Златниот предел се наоѓа каналот Рeгулирсграхт кој е една од главните туристички атракции на градот. Посетете го на квечерина за да имате можност да видите како се вклучуваат сијалиците на сите 7 мостови. Потоа можете да вечерате во некое од кафулињата или рестораните во близина. Исто, ние ви го препорачуваме и Брун кафе – традиционален холандски паб во кој се судираат вкусот на Амстердам и холандската култура.rn
6. Музејот Ван Лун
rnИако многу помалку популарен отколку музејот Ријк и музејот Ван Гог, Ван Лун е неверојатно зачуван во куќата Гранд Канал. Сѐ уште во сопственост на фамилијата Ван Лун (кои повремено одржуваат забави во трпезаријата), секоја соба нуди уникатен увид во историјата и стилот на холандската аристократија.rn
7. Музејот Ријк
rnОва е најпознатиот национален музеј во Холандија кој е дом на дела од Рембрант, Вермер и Ван Гог. Барем неколку часа дозволете си да заскитате по ходниците и да ја воспримите холандската уметност. Не ја пропуштајте библиотеката лоцирана во внатрешноста на музејот – една од најголемите библиотеки на уметничката историја скриена во едно ќоше.rn
8. Вонделпарк
rnХоландскиот Централ Парк, Вонделпарк, се наоѓа јужно од музејот Ријк и центарот на градот. Подгответе пикник и најдете тивко место помеѓу скапите градини, вирчиња и лединки за да уживате во погледот.

