Цитати во коишто ќе се пронајдат сите љубители на животните

Цитати во коишто ќе се пронајдат сите љубители на животните

Кога луѓето правилно го користат своето право за владеење над животните, тоа може да им донесе многу убави моменти. Многу љубители остваруваат близок контакт со животните, притоа сметајќи ги за дел од нивното семејство. Несомнено е дека животните придонесуваат за подобар, посреќен и поисполнет живот.

Доколку сте љубители на животните погледнете ги овие неколку цитати коишто дополнително ќе ви ја зголемат желбата да го прегрнете вашето милениче.

„Кучињата зборуваат, но само на оние коишто знаат да слушаат.“ ― Орхан Памук

„Животните постојат во светот поради свои причини. Тие не се создадени за луѓето, исто како што црните луѓе не постојат за белите и жените не се створени за мажите.“ ― Алис Вокер

„Ако да имаш душа значи да бидеш способен да чувствуваш љубов, верност и благодарност, тогаш животните се подобри од многу луѓе“. ― Џејмс Хериот

„Можеме да судиме за срцето на човекот по неговото однесување кон животните.“― Емануел Кант

„Не знам како животните ги разбираат работите, но јасно е дека тие разбираат. Веројатно постои јазик којшто не е составен од зборови и сите на светот го разбираат. Веројатно постои душа скриена во сѐ и таа секогаш може да ѝ зборува на друга душа, без притоа да испушти звук.“ ― Франс Ходсан Бурнет

„Нашето совршено друштво никогаш нема помалку од четири нозе.“― Колет


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар